Како-да: Правење фактура и испраќање по е-пошта преку PayPal

Корисноста на Пејпал е што може на емаил да се праќаат барања за плаќања. Покрај тоа може да се прават фактури и истите да се праќаат на емаил. Ќе објаснам како.
1. Креирање
На главниот екран се внесуваат основни информации. Емаил адреса на купувачот, назив на услугата или производот и износот. Потоа се кликнува на Create Invoice.

2. Пополнување на заглавие
Се пополнува заглавието на фактурата. На пример може да се стават повеќе купувачи. Исто така, ако е месечна услуга, се означува дека е месечна услуга за да се задолжува купувачот на месечна основа.

3. Пополнување линии
Се проверува линијата со производот или услугата. Може да се додаваат повеќе линии. Исто така се дефинираат ДДВ стапките.

Откако се прегледа фактурата, се праќа Send.
4. Прием на фактура
Купувачот ја добива фактурата во емаил и кликнува на View and Pay Invoice.

5. ... и потоа се бројат парите
😁😁😁😁😁
#paypal #пејпал #фактурирање

Чудно. Примерите на форумот се со НЛБ банка од Македонија. Еве пример: Провизија %, курс на евро при префрлување на пари од Пејпал на приватна или службена платежна картичка