top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Бизнис дискусија на избрана група

Платежни услуги PayPal и ост.

Public·79 members

Отворенo банкарство за нови небанкарски играчи во платежниот бизнис

Најпрво би сакал да го поздравам форумот како еден голем придонес на бизнис заедницата за заложбата за современ национален платен систем. Дозволете ми најпрво да направам една терминолошка дистинкција на користењето на поимот платни системи. Платните системи се посебни ентитети во платежната инфраструктура. Најчесто бизнис ентитетите пристапуваат на платните системи преку банките кои во нашиот случај се единствени обезбедувачи на платежни услуги за приватниот сектор, кое е согласно нашата тековна регулатива.

Светското, посебно европското искуство укажува дека покрај банките, обезбедувачи на платежни услуги се лиценцирани небанкарски институции (фирми од приватниот сектор). Во ЕУ во овој домен направена е дигитална трансформација, модернизација и револуција во доменот на платежните услуги преку транспонирање на PSD2 (Payment Services Directives 2) и EMD2 (Е-Money Directive 2), кои што претставуваат директиви т.н.game changer regulations (посебно PSD2), кои го менуваат, односно трансгформираат пазарот на платежни услуги.

Во таа насока се отвора и банкарскиот сектор за конкуренција во овој домен, секако и истиот се менува во насока на негова натамошна модернизација.

Покрај PayPal, Stripe, Skrill се јавуваат мноштво лиценцирани играчи коишто на пазарот се појавуваат како платежни институции, институции за издавање на електронски пари, институции за иницирање на платежни услуги и други fintech компании кои целосно го трансформираат овој пазар како на глобално ниво за ефикасни и достапни прекугранични трансакции така и на национално ниво за дигитална трансформација на платежните услуги.

Во земјите членки на ЕУ трансформацијата на пазарот на платежни услуги се врши најчесто преку носење на нов Закон за платежни услуги, (во кои се транспонираат горенаведените директиви) со кој ќе создаде услови за дигитална трансформација и глобална конекција на нивниот пазар за платежни услуги.

Да се надеваме дека во периодот што следи не очекува еден динамичен период и во нашата земја.

(Во текстот се изнесени лични ставови на авторот коишто немора да кореспондираат со официјалниот став на Народна банка на Република Северна Македонија)

404 Views
Martin
Martin
Jun 13, 2019

Здраво Тони, Дали има отприлика рок кога ќе бидат направени овие промени, дали тоа би било наскоро или ќе треба подолго време(неколку години)? Исто така дали некако можеме да добиеме информации до каде е воведувањето на ПејПал, дали воопшто постои надеж за тоа или како и изминативе години ќе останеме само ние од регионот без ПејПал. Поздрав, Ангел

Members

bottom of page