top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Бизнис дискусија на избрана група

Платежни услуги PayPal и ост.

Public·79 members

Најбрзо што може до прием на пари од производи и услуги преку Пејпал


Брзи линкови за бизнис сметка со Пејпа
Брзи линкови за бизнис сметка со Пејпа


За да не лутате по повеќето линкови, ова се најбитните линкови за креирање на бизнис сметка во Пејпал. Со бизнис сметката ќе можете да наплаќате преку Интернет со Пејпал.


Претходна подготовка


Не ја занемарувајте подготовката затоа што ако не ја изведете операцијата течно и во „еден здив“, Пејпал може да ве означи за сомнителен обид и да ви ја прекине постапката.


Кој линк ви е најкористен за припрема? Овој тука на Совети за отворање бизнис сметка Пејпал за онлајн наплата на производи и услуги во Македонија.


Креирање на персонална сметка


Ја копирате адресата што е наведена подолу или кликнувате на линкот така како што е напишан.

https://www.paypal.com/al/webapps/mpp/home


Се внесуваат податоци за адреса, мобилен и друго како за Македонија. Се става и платежната картичка ВИСА тука. Мастер картичките НЕ работат со Пејпал за прием на пари.


Повеќе инфо има на Како-да: Креирање на сметка во PayPal за купување.



Надградба на бизнис сметка


Откако сте креирале персонална сметка, ја копирате адресата што е наведена подолу или кликнувате на линкот така како што е напишан.

https://www.paypal.com/bizsignup/


Се внесуваат податоци за фирмата или индивидуата како за во Македонија.


Повеќе инфо има на линкот Како-да: Креирање на бизнис сметка на PayPal за продажба на производи/услуги и прием на пари.



Проверки


Направете пробни наплати со некој од вашите блиски. Повеќе инфо има на следните линкови:


Кои кредитни/дебитни картички поддржуваат продажба преку Пејпал - проверете дали има опција Ауто-трансфер

Како-да: Проверка дали е до картичката, до банката или до акаунтот Пејпал (заедно со земјата)

Одговори на некои често поставувани прашања за Пејпал за Македонија - јануари 2021


#пејпал #paypal


955 Views

Members

bottom of page