Активиран ПејПал за прием на пари со Visa Business од Комерцијална банка
Конечно успеавме да отвориме PayPal сметка за прием на пари! Картичката која ја искористивме е Visa Business од Комерцијална банка. Имавме неколку безуспешни обиди во минатото кога успевавме да отвориме само сметка преку која можеме да плаќаме.
По кратка консултација со Венко Глигоров, отворивме нов e-mail и со тој нов e-mail отворивме нова персонална PayPal сметка. Потоа оваа персонална сметка ја надоградивме во бизнис сметка.
Во целата постапка битни се следните работи:
на персналната сметка ставивме држава Албанија,
Visa Business картичката ја пријавивме на персоналната сметка,
при надоградбата како веб страна ставивме линк од etsy.
Меѓутоа, најбитната работа кои ни ја посочи Венко е да внимаваме од која држава ќе не логира PayPal. Неколку пати пробувавме преку Chrome и PayPal по автоматизам не логираше од САД. Така PayPal не ни дозволуваше да направиме надоградба во бизнис профил и цело време не враќаше во персоналниот. Потоа целиот процес на регистрација го започнавме преку Edge, затоа што претходно воопшто го немавме користено на овој компјутер, и се логиравме преку: https://www.paypal.com/al/webapps/mpp/home
Потоа ги следевме упатствата објавени на форумов. Откако ги внесовме сите потребни информации сметката е функционална и може да прима пари.

@Ivan Neshovski,
Успеа ли да креираш бизнис акаунт на Пејпал?