Грешка E10201-Invalid calculated docTotals при тестирање на ефактура системот
Здраво на сите,
после мастер обуката со Венко, продолжив со тестирање на системот за ефактура на УЈП.
Во петокот при тестирање на функцијата за праќања на ефактура, ја добивам грешката E10201-Invalid calculated docTotals.
При тоа мора да напоменам дека тестирав со .json во кои се внесени податоци за мојата компанија, со една ставка на фактурата со 18ДДВ, па математички се е во ред.
Ги ископирав и податоците за ставките во тест фактурата од тест .json на УЈП, но повторно ја добивам истата грешка.
Дали некој од вас го има овој проблем или пак имате некоја информација дека нешто работат на тој дел?
п.с. Поради промената на саатот, можно е да ви даде грешка E40122 – The requestTimestamp difference is greater than 5 minutes
Поздрав и убава работна недела, Моника

Здраво Моника,
Има изгледа некоја измена во УЈП. Нас ни дава грешка за bad JSON формат. Се обративме во УЈП за да дознаеме за што се работи.
Инаку, оваа група е за Business Central и темите поврзани со е-Фактура е подобро да се адресираат во специјализираната група за е-Фактура. Сигурен сум дека таму побрзо ќе одговорат, а и информацијата ќе биде покорисна.
Линк за групата е: https://www.loginsystems.biz/group/ye-faktura-zayednitsa-ujp-proyekt-i-soveti/discussion
Благодарам за разбирањето.