e‑Фактура од ERP перспектива: процеси, интеграции и подготовки
Иако дел од ERP и Business Central заедницата не е директно вклучена во регулаторни теми, националната e‑Фактура сепак ќе има реално влијание врз:
ERP процесите во продажба и набавка (работни текови, статуси, валидации)
Улоги и дозволи (кој праќа, кој одобрува, кој следи повратни статуси)
Интеграции со платформата на УЈП (размена, логирање, грешки, статуси)
Податоци и усогласување (валидирање, архивирање, следливост)
За полесна подготовка создадовме структуриран e‑Фактура центар на нашата веб-страна - го збогатуваме со објаснувања, видеа, чекор‑по‑чекор материјали и преглед на интерфејсот од LSM e‑Фактура решението. Содржината е создадена да биде корисна и за ERP тимови и за BC корисници кои сакаат јасна слика за практичните импликации.
👉 Центарот можете да го погледнете овде: https://www.loginsystems.biz/e-faktura-ujp-mk
Дополнително, во наредниот период ќе бидеме дел од КПУ обуката во организација на Економско правен консалтинг „ВФ“ и ќе оддржиме две сесии за е-Фактура за сите кои сакаат подлабоко разбирање на процесите и правилното усогласување:
📅 04.02.2026
📅 11.02.2026
Повеќе инфо на https://www.loginsystems.biz/e-faktura-nastani-obuki
Овие настани, иако наменети за сметководители, може да се посетуваат и од менаџери, како и ERP/BC корисници што активно се подготвуваат за промените.
Ако имате ERP/BC‑специфични прашања за процеси, документи или импликации, слободно коментирајте под објавата - ќе се обидеме да одговориме. (Најчесто поставуваните прашања заедно со одговорите се наоѓаат веќе на центарот за е-Фактура.
