top of page
white_logo_transparent_2x.png

Chart of Accounts

for the accounting in Macedonia

160

Краткорочни кредити и заеми од поврзани друштва во земјата

На сметката 160 - Краткорочни кредити и заеми од поврзани друштва во земјата, се евидентираат краткорочните кредити и заеми со рок на доспевање до една година, дадени на матични, зависни и други поврзани друштва во земјата.

161

Краткорочни кредити и заеми од поврзани друштва во странство

На сметката 161 - Краткорочни кредити и заеми од поврзани друштва во странство, се евидентираат краткорочните кредити и заеми со рок на доспевање до една година, дадени на матични, зависни и други поврзани друштва во странство.

162

Краткорочни кредити и заеми во земјата

На сметката 162 - Краткорочни кредити и заеми во земјата, се евидентираат краткорочните кредити и заеми со рок на доспевање до една година, дадени на неповрзани друштва во земјата.

163

Краткорочни кредити и заеми од странство

На сметката 163 - Краткорочни кредити и заеми од странство, се евидентираат краткорочните кредити и заеми со рок на доспевање до една година, дадени на неповрзани друштва во странство.

164

Хартии од вредност кои се чуваат до доспевање

На сметката 164 - Хартии од вредност кои се чуваат до доспевање, се евидентира отплатата на долгорочните хартии од вредност кои доспеваат за плаќање во рок до една година, освен оние кои се евидентирани на сметката 107- Хартии од вредност - готовински еквиваленти.

165

Хартии од вредност според објективна вредност преку добивката или загубата

На сметката 165 - Хартии од вредност според објективна вредност преку добивката или загубата, се евидентираат финансиските средства набавени или настанати првенствено со цел за остварување на добивка од краткорочните флуктуации на цените.

166

Краткорочно орочени денарски средства

На сметката 166 - Краткорочно орочени денарски средства, се евидентираат краткорочните депозитите со рок на доспевање до 1 година во банките и во останатите финансиски институции, освен оние кои се евидентирани на сметката 106 - Депозити - парични еквиваленти.

167

Краткорочно орочени странски средства за плаќање

На сметката 167 - Краткорочно орочени странски средства за плаќање, се евидентираат краткорочно орочените странски средства за плаќање со рок на доспевање до 1 година во банките и во останатите финансиски институции.

168

Останати краткорочни финансиски средства

На сметката 168 - Останати краткорочни финансиски средства, се евидентираат краткорочните финансиски средства кои не се евидентирани на другите сметки од групата 16.

169

Вредносно усогласување на финансиски средства

На сметката 169 - Вредносно усогласување на финансиски средства, се евидентира проценетите намалувања на финансиските средства чија наплата е неизвесна, и за кои се проценува веројатна ненаплатливост.

bottom of page