top of page
white_logo_transparent_2x.png

Chart of Accounts

for the accounting in Macedonia

358

Вредносно усогласување на залихи на ситен инвентар, амбалажа и автогуми

На сметката 358 - Вредносно усогласување на залихите на ситен инвентар, амбалажа и автогумите, се евидентира разликата меѓу пониската нето продажна вредност и сметководствената вредност на залихите на ситен инвентар, амбалажа и автогуми.

359

Отстапување од стандардните (плански) цени на ситен инвентар, амбалажа и автогуми

На сметката 359 - Отстапување од стандардните (плански) цени на ситен инвентар, амбалажа и автогумите, се евидентира отстапувањето од стандардните (плански) цени на ситниот инвентар, амбалажата и автогумите.

4

КЛАСА 4 ТРОШОЦИ И РАСХОДИ ОД РАБОТЕЊЕТО

40

ТРОШОЦИ ЗА СУРОВИНИ, МАТЕРИЈАЛИ, ЕНЕРГИЈА,РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ И СИТЕН ИНВЕНТАР

На сметките од групата 40 - Трошоци за суровини, материјали, енергија, резервни делови и ситен инвентар, се искажува вредноста на трошењето во работењето, преку сметките на залихите во класа 3 или непосредно (без складирање) според називите на сметките од оваа група.

400

Трошоци за суровини и материјали (за производство)

На сметката 400 - Трошоци за суровини и материјали (за производство), се искажува вредноста на потрошените основни материјали, полупроизводи за вградување, помошни материјали, потрошениот материјал за чистење и одржување, останати директни и општи трошоци на погонот и на услужната единица.

401

Трошоци за материјали (за администрација, управа и продажба)

На сметката 401 - Трошоци за материјали (за администрација, управа и продажба), се евидентираат материјалните трошоци за администрацијата, управата и продажбата.

402

Трошоци за енергија (за производство)

На сметката 402 - Трошоци за енергија (за производство) се евидентира вредноста на потрошената енергија, потрошениот материјал за производство на енергија и погонско гориво.

403

Трошоци за енергија (за администрација, управа и продажба)

На сметката 403 - Трошоци за енергија (за администрација, управа и продажба), се евидентира вредноста на потрошената енергија, потрошениот материјал за производство на енергија и погонско гориво за администрација, управа и продажба.

404

Трошоци за резервни делови и материјали за одржување (за производство)

На сметката 404 - Трошоци за резервни делови и материјали за одржување (за производство), се евидентираат вградените делови во сопствени и туѓи производни хали, постројки и опрема, потрошени резервни делови и материјали за замена во гарантен рок.

405

Трошоци за резервни делови и материјали за одржување (за администрација, управа и продажба)

На сметката 405 - Трошоци за резервни делови и материјали за одржување (за администрација, управа и продажба), се евидентира трошокот според називот на сметката.

bottom of page