top of page
white_logo_transparent_2x.png

Chart of Accounts

for the accounting in Macedonia

320

Залиха на резервни делови

На сметката 320 - Залиха на резервни делови, се евидентираат залихите во магацин на резервните делови.

328

Вредносно усогласување на залиха на резервни делови

На сметката 328 - Вредносно усогласување на залиха на резервни делови, се евидентира разликата меѓу пониската нето продажна вредност и сметководствената вредност на залихите на резервни делови.

329

Отстапување од стандардните (плански) цени на резервните делови

На сметката 329 - Отстапување од стандардните (плански) цени на резервните делови, се евидентира отстапување од стандардните (плански) цени на резервните делови.

35

ЗАЛИХА НА СИТЕН ИНВЕНТАР, АМБАЛАЖА И АВТОГУМИ

На сметките од групата 35 - Залихи на ситен инвентар, амбалажа и автогуми, се евидентираат вредностите на ситниот инвентар, амбалажата и автогумите на залиха и во употреба, вредносното усогласување на залихите на ситниот инвентар, амбалажата и автогумите и отстапувањето од стандардните (планските) цени на ситниот инвентар, амбалажата и автогумите на соодветни сметки од оваа група. Признавањето и вреднувањето на залихите се врши во согласност со МСС 2 и други релевантни МСФИ и оддел 13 и други релевантни оддели на меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти.

350

Ситен инвентар на залиха

На сметката 350 - Ситен инвентар на залиха, се евидентираат залихите на ситниот инвентар во магацин.

351

Ситен инвентар во употреба

На сметката 351 - Ситен инвентар во употреба, се евидентира ситниот инвентар во употреба.

352

Залиха на амбалажа

На сметката 352 - Залиха на амбалажа, се евидентираат залихите на одделни амбалажи.

353

Амбалажа во употреба

На сметката 353 - Амбалажа во употреба, се евидентира амбалажата во употреба.

354

Залиха на автогуми

На сметката 354 - Залиха на автогуми, се евидентираат залихите на автогумите.

355

Автогуми во употреба

На сметката 355 - Автогуми во употреба, се евидентираат автогумите во употреба.

bottom of page