top of page
Accounting Documents
35
Група

ЗАЛИХА НА СИТЕН ИНВЕНТАР, АМБАЛАЖА И АВТОГУМИ

На сметките од групата 35 - Залихи на ситен инвентар, амбалажа и автогуми, се евидентираат вредностите на ситниот инвентар, амбалажата и автогумите на залиха и во употреба, вредносното усогласување на залихите на ситниот инвентар, амбалажата и автогумите и отстапувањето од стандардните (планските) цени на ситниот инвентар, амбалажата и автогумите на соодветни сметки од оваа група. Признавањето и вреднувањето на залихите се врши во согласност со МСС 2 и други релевантни МСФИ и оддел 13 и други релевантни оддели на меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти.

bottom of page