top of page
white_logo_transparent_2x.png

Chart of Accounts

for the accounting in Macedonia

04

ДОЛГОРОЧНИ ПОБАРУВАЊА

На сметките од групата 04 - Долгорочни побарувања, се евидентираат побарувањата со рок на доспеаност подолг од 1 година кои се признаваат и вреднуваат во согласност со МСС 18, МСС 39 и други релевантни МСФИ и оддели 11, 12, 23 и други релевантни оддели на меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти.

040

Побарувања од поврзани друштва врз основа на продажба

На сметката 040 - Побарувања од поврзани друштва врз основа на продажба, се евидентираат побарувањата од матични, зависни и други поврзани друштва врз основа на испорака на добра (производи и стоки) и услуги.

041

Побарувања од неповрзани друштва врз основа на продажба на кредит

На сметката 041 - Побарувања од неповрзани друштва врз основа на продажба на кредит, се евидентираат побарувањата врз основа на продажба на добра (производи и стоки) и услуги на кредит во земјата и во странство и останати побарувања од продажба на кредит.

042

Побарувања врз основа на наем - финансиски лизинг

На сметката 042 - Побарувања врз основа на наем - финансиски лизинг, се евидентираат побарувањата врз основа на средствата дадени во финансиски лизинг.

043

Побарувања врз основа на форфетинг

На сметката 043 - Побарувања врз основа на форфетинг се евидентираат побарувањата според називот на сметката.

044

Побарувања врз основа на дадени гаранции

На сметката 044 - Побарувања врз основа на дадени гаранции, се евидентираат побарувањата од гаранции за добро изведени работи, гаранции за тендери и друго.

045

Спорни и ризични побарувања

На сметката 045 - Спорни и ризични побарувања, се евидентираат побарувањата според називот на сметката.

046

Побарувања за дадени аванси

На сметката 046 - Побарувања за дадени аванси, се евидентираат побарувањата според називот на сметката.

047

Останати долгорочни побарувања

На сметката 047- Останати долгорочни побарувања, се евидентираат долгорочните побарувања кои не се евидентирани на сметките од групата 04.

049

Вредносно усогласување на долгорочни побарувања

На сметката 049 - Вредносно усогласување на долгорочни побарувања, се евидентира пресметаното вредносно усогласување на долгорочните побарувања.

bottom of page