top of page
white_logo_transparent_2x.png

Chart of Accounts

for the accounting in Macedonia

030

Вложувања во подружница

На сметката 030 - Вложувања во подружници, се евидентираат акциите и уделите во капиталот на друштвата во кои друштвото кое известува има контрола, односно учество во капиталот преку 50% и/или други услови дефинирани во стандардите, и кои влегуваат во групата за консолидација.

031

Вложувања во придружни друштва и заеднички контролирани друштва (учество во заеднички вложувања)

На сметката 031 - Вложувања во придружни друштва и заеднички контролирани друштва (учество во заеднички вложувања) се евидентираат акциите и уделите во капиталот на придружно друштво во кои друштвото учествува од 20% до 50% и/или други услови дефинирани во стандардите, како и учеството во заеднички вложувања во кои учеството на друштвата во капиталот на друго друштво е 50% со 50%

032

Долгорочни заеми и кредити на поврзани друштва во земјата и странство

На сметката 032 - Долгорочни заеми и кредити на поврзани друштва во земјата и странство, се евидентираат долгорочни кредити и заеми дадени на матични, заависни и други поврзани друштва спрема називот на оваа сметка.

033

Дадени заеми и кредити во земјата и во странство

На сметката 033 - Дадени заеми и кредити во земјата и во странство, се евидентираат дадените заеми и кредити на правни лица во земјата и во странство, освен оние дадени на матични, зависни и други поврзани друштва.

034

Финансиски средства кои се чуваат до доспевање

На сметката 034 - Финансиски средства кои се чуваат до доспевање, се евидентираат финансиските средства со фиксни или утврдени износи на плаќање и со фиксно доспевање, за кои друштвото има намера и способност да ги држи до доспевање.

035

Финансиски средства расположиви за продажба

На сметката 035 - Финансиски средства расположиви за продажба, се евидентираат оние средства кои се определени како расположливи за продажба во согласност со сметководствената политика.

036

Финансиски средства според објективна вредност преку добивката или загубата

На сметката 036 – Финансиски средства според објективна вредност преку добивката или загубата, се евидентираат финансиските средства кои при почетното признавање се определени како финансиски средства по објективна вредност преку добивката или загубата, освен некотираните сопственички инструменти и оние финансиски инструменти кои немаат котирана пазарна цена и чијашто објективна вредност не може реално да се измери.

037

Дадени депозити и кауции во земјата и странство

На сметката 037 – Дадени депозити и кауции во земјата и странство, се евидентираат дадените долгорочни депозити од деловните активности, депозитите кај деловните банки, депозитите кај осигурителните компании, судските депозити и друго, како и дадените долгорочни кауции за обврски, дадени кауции врз основа на купопродажни односи, дадени кауции за плаќања и други дадени кауции и капари.

038

Останати долгорочни финансиски средства

На сметката 038 - Останати долгорочни финансиски средства, се евидентираат вложувања во инвестициони фондови и останати долгорочни средства.

039

Вредносно усогласување на долгорочните финансиски средства

На сметката 039 - Вредносно усогласување на долгорочните финансиски средства, се евидентира пресметаното вредносно усогласување на долгорочните финансиски средства во согласност со МСС 36 и МСС 39. Друштвото обезбедува аналитичка евиденција по основните сметки од оваа група на сметки.

bottom of page