top of page
white_logo_transparent_2x.png

Chart of Accounts

for the accounting in Macedonia

018

Вредносно усогласување на материјални средства

На сметката 018 - Вредносно усогласување на материјални средства, се евидентираат пресметаното вредносно усогласување на сите облици на материјални средства. Друштвото обезбедува аналитичка евиденција по основните сметки од оваа група на сметки.

019

Акумулирана амортизација на материјални средства

На сметката 019 - Акумулирана амортизација на материјалните средства, се евидентира исправката на вредност врз основа на пресметаната амортизацијата на сите облици на материјални средства.

02

ВЛОЖУВАЊА ВО НЕДВИЖНОСТИ

На сметките од групата 02 – Вложувања во недвижности, се евидентираат недвижностите (земјиште и градежни објекти) кои се признаваат и вреднуваат во согласност со МСС 40 и други релевантни МСФИ и Оддел 16 и други релевантни оддели на меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти.

020

Вложувања во недвижности за наем

На сметката 020 - Вложувања во недвижности за наем, се евидентираат недвижностите кое се чуваат од страна на сопственикот или наемателот во финансискиот наем за да се заработат наемнини.

021

Вложувања во недвижности заради зголемување на капиталот

На сметката 021 - Вложувања во недвижности заради зголемување на капиталот, се евидентираат недвижностите кои се чуваат од страна на сопственикот за зголемување (на вредноста) на капиталот.

026

Вложувања во недвижности во подготовка

На сметката 026 - Вложувања во недвижности во подготовка, се евидентираат сите облици на вложувања во недвижности од денот на вложувањето до денот на нивното активирање на некоја од сметките на групата 02.

027

Аванси за вложувања во недвижности

На сметката 027 - Аванси за вложувања во недвижности, се евидентираат дадените аванси за стекнување на вложувања во земјиште и вложувања во градежни објекти.

028

Вредносно усогласување на вложувања во недвижности

На сметката 028 - Вредносно усогласување на вложувања во недвижности, се евидентира пресметаното вредносно усогласување на вложувања во земјиште и на вложувањата во градежни објекти.

029

Акумулирана амортизација на вложувања во недвижности

На сметката 029 - Акумулирана амортизација на вложувања во недвижности, се евидентира исправката на вредноста врз основа на пресметаната амортизацијата на вложувањата во градежни објекти.

03

ДОЛГОРОЧНИ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА

На сметките од групата 03 - Долгорочни финансиски средства, се евидентираат долгорочните финансиски вложувања кои се признаваат и вреднуваат во согласност со МСС 27, МСС 28, МСС 31, МСС 39 и други релевантни МСФИ и оддели 9, 11, 12, 14, 15, и други релевантни оддели на меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти.

bottom of page