top of page
white_logo_transparent_2x.png

Chart of Accounts

for the accounting in Macedonia

106

Депозити - парични еквиваленти

На сметката 106 - Депозити - парични еквиваленти се евидентираат депозитите по видување и депозитите со рок на доспеаност до три месеци или помалку.

107

Хартии од вредност - готовински еквиваленти

На сметката 107 - Хартии од вредност - готовински еквиваленти се евидентираат високо ликвидни вложувања во хартии од вредност со рок на доспеаност до три месеци или помалку, од датумот на стекнување и се со безначаен ризик од намалување на вредноста. Друштвото обезбедува аналитика согласно видот на хартиите од вредност

108

Останати парични средства

На сметката 108 - Останати парични средства, се опфаќаат паричните средства кои не се евидентирани на другите сметки во рамки на групата на сметки 10 и паричните средства чие користење е ограничено или чија вредност е намалена.

109

Вредносно усогласување на парични еквиваленти

На сметката 109- Вредносно усогласување на парични еквиваленти, се евидентира пресметаното вредносно усогласување на паричните еквиваленти.

11

ПОБАРУВАЊА ОД ПОВРЗАНИ ДРУШТВА

На сметките од групата 11 - Побарувања од поврзани друштва, се евидентираат побарувањата од матичните, зависните и другите поврзани друштва, според називите на сметките од оваа група.Побарувањата од поврзани друштва врз основа на продажба на добра и услуги се признаваат и се вреднуваат во согласност со МСС 18, МСС 39 и други релевантни МСФИ и одделите 11, 12 и 23 и други релевантни оддели на меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти.

110

Побарувања од поврзани друштва врз основа на продажба на добра и услуги во земјата

На сметката 110 - Побарувања од поврзани друштва врз основа на продажба на добра и услуги во земјата, се евидентираат побарувањата врз основа на продажба на добра и услуги на домашните матични, зависни и други поврзани друштва.

111

Побарувања од поврзани друштва врз основа на продажба на добра и услуги во странство

На сметката 111 - Побарувања од поврзани друштва врз основа на продажба на добра(производи и стоки) и услуги во странство, се евидентираат побарувањата врз основа на продажба на добра и услуги на странските матични, зависни и други поврзани друштва.

112

Побарувања од поврзани друштва за аванси, депозити и кауции во земјата

На сметката 112 - Побарувања од поврзани друштва за аванси, депозити и кауции во земјата, се евидентираат дадените аванси, депозити и кауции за набавка на добраи услуги во земјата на матични, зависни и други поврзани друштва.

113

Побарувања од поврзани друштва за аванси, депозити и кауции во странство

На сметката 113 - Побарувања од поврзани друштва за аванси, депозити и кауции во странство, се евидентираат дадените аванси, депозити и кауции за набавка на добра и услуги во странство на матични, зависни и други поврзани друштва.

114

Побарувања од поврзани друштва за камати (договорни и казнени) во земјата

На сметката 114 - Побарувања од поврзани друштва за камати (договорни и казнени) во земјата се евидентираат побарувањата според називот на сметката.

bottom of page