top of page
white_logo_transparent_2x.png

Chart of Accounts

for the accounting in Macedonia

79

РАЗЛИКА НА ПРИХОДИ И РАСХОДИ

790

Разлика на приходи и расходи од вкупното работење

На сметката 790 - Разлика на приходите и расходите од вкупното работење, се евидентира разликата меѓу приходите и расходите од работењето на крајот на пресметковниот период. До колку вкупните приходи се во поголем износ од вкупните расходи, за износот на вишокот на приходи над расходи се задолжува сметката 790, а се одобрува во корист на сметката 800 - Добивка пред оданочување. Доколку вкупните приходи се во помал износ од вкупните расходи, за износот на вишокот на расходи над приходи се задолжува сметката 801 - Загуба пред оданочување, а се одобрува во корист на сметката 790 - Разлика на приходите и расходите.

8

КЛАСА 8 РЕЗУЛТАТИ ОД РАБОТЕЊЕТО

80

ДОБИВКА/ЗАГУБА ПРЕД ОДАНОЧУВАЊЕ

На сметките од групата 80 - Добивка / загуба пред оданочување се евидентира разликата меѓу приходите и расходите од вкупното работење за пресметковниот период.

800

Добивка пред оданочување

На сметката 800 - Добивка пред оданочување, се евидентира износот на вишокот на приходи над расходи до колку вкупните приходи се во поголем износ од вкупните расходи во пресметковниот период.

801

Загуба пред оданочување

На сметката 801- Загуба пред оданочување, се евидентира износот на вишокот на расходи над приходи, до колку вкупните приходи се во помал износ од вкупните расходи во пресметковен период.

81

ДАНОК НА ДОБИВКА И ДРУГИ ДАВАЧКИ

На сметките од групата 81 - Данок на добивка и други давачки, се евидентира данокот на добивка или другите даноци и давачки утврдени со даночните прописи

810

Данок на добивка

На сметката 810 - Данок на добивка се евидентира износ според називот на сметката.

811

Одложени даночни приходи

На сметката 811- Одложени даночни приходи, се евидентираат износи според називот на сметката.

812

Одложени даночни расходи

На сметката 812- Одложени даночни расходи, се евидентираат износи според називот на сметката.

bottom of page