На сметката 634 - Вкалкулиран данок на додадена вредност, се евидентира пресметаниот ДДВ во вредноста на залихите на готовите производи во сопствените продавници.
На сметката 635 - Вкалкулирани акцизи, се евидентира пресметаната акциза во вредноста на залихите готовите производи во сопствените продавници, доколку продажните цени се формираат со акциза.
На сметката 636 - Производи во доработка, обработка и манипулација, се евидентира вредноста на залихите на производите предадени во производство на заеднички производи, производите дадени за доработка и обработка кај други друштва.
Вредносно усогласување на залихите на готовите производи
На сметката 638 - Вредносно усогласување на залихите на готовите производи, се евидентира исправката - намалувањето на вредноста на залихите евидентирани на сметките од групата 63.
Отстапување од стандардните (плански) цени на производите
На сметката 639 - Отстапување од стандардните (плански) цени на производите, се евидентира отстапувањето на цените на залихите евидентирани на сметките од групата 63.
На сметките од групата 65 - Пресметка на набавката на стоки, се евидентира вредноста на набавените стоки по елементите на набавната цена. Користењето на сметките од оваа група не е задолжително.