top of page
white_logo_transparent_2x.png

Chart of Accounts

for the accounting in Macedonia

460

Загуби врз основа на расходување и загуби од продажба на нематеријални и материјални средства

461

Загуби врз основа на расходување и загуба од продажба на биолошки средства

На сметката 461 - Загуби врз основа на расходување и загуба од продажба на биолошки средства, се евидентира неотпишаната вредност и дополнителните трошоци на отпишаните биолошки средства и загубата од продажба на овие средства.

462

Загуби врз основа на продажба на учество во капитал и хартии од вредност

На сметката 462 - Загуби врз основа на продажба на учество во капитал и хартии од вредност се евидентира загубата, ако учеството во капиталот и хартиите од вредност се продададат по пониска вредност од сметководствената вредност.

463

Загуба од продажба на материјали

На сметката 463 -Загуба од продажба на материјали се евидентира загубата, ако материјалите се продадат по пониска вредност од сметководствената вредност.

464

Кусоци, кало, растур, расипување и кршење

На сметката 464 - Кусоци, кало, растур, расипување и кршење се евидентираат кусоците утврдени со попис, како и кало, растур, расипување и кршење при манипулирање со средствата до нормираните износи и над нормираните износи.

465

Расходи врз основа на ефекти од договорени заштити од ризици, кои не ги исполнуваат условите да се искажат во рамките на ревалоризационите резерви

На сметката 465 - Расходи врз основ на ефекти од договорени заштити од ризици, кои не ги исполнуваат условите да се искажат во рамките на ревалоризационите резерви, се евидентираат расходите според називот на сметката.

466

Расходи врз основа на директен отпис на побарувања

На сметката 466 - Расходи врз основа на директен отпис на побарувања, се евидентираат расходите за отпис на побарувањата според називот на сметката.

467

Расходи за дополнително одобрени попусти, рабат, рекламации и дадени примероци

На сметката 467 - Расходи за дополнително одобрени попусти, рабат, рекламации и дадени примероци, се евидентираат одобрените попусти по извршена продажба, расходи за рекламации за неквалитет, како и расходи заради дадени примероци за контрола, прегледи и слично.

468

Казни, пенали, надоместоци и друго

На сметката 468 - Казни, пенали, надоместоци за штета и друго, се евидентираат трошоците според називот на сметката

469

Останати расходи од работењето

На сметката 469 - Останати расходи од работењето, се евидентираат трошоци за спорови, расходи кои не се во функција на вршење на дејност, расходи од ефекти од промена на сметководствените политики и грешки кои не се материјално значајни и други расходи.

bottom of page