Chart of Accounts
for the accounting in Macedonia
416
Трошоци за истражување и развој
На сметката 416 - Трошоци за истражување и развој, се евидентираат трошоци за активности за стекнување нови знаења, трошоци за истражување алтернативи на материјали, уреди, добра, системи и трошоци на развој кои не се признаваат како нематеријално средство согласност со МСС 38 и оддел 18 на меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти.
417
Трошоци за реклама, пропаганда, промоција и саеми
На сметката 417 - Трошоци за реклама, пропаганда, промоција и саеми, се евидентираат трошоците за услуги врз основа на рекламирање и пропаганда преку електронски и печатени медиуми во земјата и странство, услуги на рекламни агенции, трошоци за рекламен и пропаганден материјал, трошоци за уредување и изложување на саеми и други изложби на добра и услуги во земјата и странство и останати трошоци за реклама, пропаганда, промоција и саеми.
43
ТРОШОЦИ ЗА АМОРТИЗАЦИЈА И РЕЗЕРВИРАЊА
На сметките од групата 43 - Трошоци за амортизација и резервирања, се евидентираат трошоците за амортизација на нематеријалните средства и на материјалните средства пресметани во согласност со сметководствената политика на друштвото и за резе рвирања кои се признаваат и вреднуваат во согласност со МСС 37 и МСС 19 и оддел 21 и 28 од меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти и сметководствената политика.