Chart of Accounts
for the accounting in Macedonia
26
КРАТКОРОЧНИ ФИНАНСИСКИ ОБВРСКИ
На сметките од групата 26 - Краткорочни финансиски обврски, се евидентираат обврските по кредити и заеми, хартии од вредност и останати краткорочни обврски кои доспеваат во рок до една година од денот на настанувањето на обврската. Краткорочните финансиски обврски се признаваат и се вреднуваат во согласност со МСС 39 и други релевантни МСФИ и одделите 11 и 12 и други релевантни оддели на меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти.
260
Краткорочни кредити и заеми од поврзани друштва во земјата
На сметката 260 - Краткорочни кредити и заеми од поврзани друштва во земјата, се евидентираат обврските по краткорочни кредити и заеми во земјата со рок на доспевање до една година спрема резидентните матични, зависни и други поврзани друштва. Во рамките на сметката друштвото обезбедува аналитичка евиденција за обврските по камати и дел од долгорочните заеми и кредити за делот кој доспева за плаќање до 1 година.
261
Краткорочни кредити и заеми од поврзани друштва од странство
На сметката 261 - Краткорочни кредити и заеми од поврзани друштва од странство, се евидентираат обврските по краткорочни кредити и заеми од странство со рок на доспевање до една година спрема нерезидентните матични, зависни и други поврзани друштва. Во рамките на сметката друштвото обезбедува аналитичка евиденција за обврските по камати и дел од долгорочните заеми и кредити за делот кој доспева за плаќање до 1 година.
262
Краткорочни кредити и заеми во земјата
На сметката 262 - Краткорочни кредити и заеми во земјата, се евидентираат обврските по краткорочни кредити и заеми во земјата со рок на доспевање до една година. Во рамки на сметката друштвото обезбедува аналитичка евиденција за обврските врз основа на камати и дел од долгорочите заеми и кредити за делот кој доспева за плаќање до 1 година.
263
Краткорочни кредити и заеми од странство
На сметката 263 - Краткорочни кредити и заеми од странство, се евидентираат обврските врз основа на краткорочни кредити и заеми во странство со рок на доспевање до една година, освен обврските по кредити и заеми од матични, зависни и други поврзани друштва. Во рамките на сметката друштвото обезбедува аналитичка евиденција за обврските врз основа на камати и дел од долгорочите заеми и кредити за делот кој доспева за плаќање до 1 година.
264
Обврски врз основа на издадени хартии од вредност кои се чуваат до доспевање
На сметката 264 - Обврски врз основа на издадени хартии од вредност кои се чуваат до доспевање, се евидентираат обврските врз основа на издадени хартии од вредност во согласност со сметководствената политика на друштвото.
267
Обврски врз основа на нетековни средства кои се чуваат за продажба и прекинато работење
На сметката 267 - Обврски врз основа на нетековни средства кои се чуваат за продажба и прекинато работење, се евидентираат обврските врз основа на нетековни средства (или групи за отуѓување) кои се чуваат за продажба и средствата од прекинато работење во согласност со МСФИ 5, а кои се подмируваат или се гасат во случај на отуѓување на овие средства.