top of page
white_logo_transparent_2x.png

Chart of Accounts

for the accounting in Macedonia

19

ПЛАТЕНИ ТРОШОЦИ ЗА ИДНИ ПЕРИОДИ И ПРЕСМЕТАНИ ПРИХОДИ (АВР)

На сметките од групата 19 - Платени трошоци за идни периоди и пресметани приходи (АВР), се евидентираат однапред платените трошоци и приходите од тековниот период кои не можеле да бидат фактурирани.

190

Однапред платени трошоци

На сметката 190 - Однапред платени трошоци, се евидентираат трошоците кои се платени однапред за период од најмногу 12 месеци, а кои се однесуваат на различни пресметковни периоди.

191

Однапред платени зависни трошоци за набавка

На сметката 191 - Однапред платени зависни трошоци за набавка, се евидентира износот на платените трошоци врз основа на набавка на суровини, материјали, резервни делови, ситен инвентар и стоки кои не се евидентирани на сметките од групата 30 и група 65.

192

Однапред платени надоместоци за концесија

На сметката 192 - Однапред платени надоместоци за концесија, се евидентираат однапред платените надоместоци за концесија за период од најмногу 12 месеци, а кои се однесуваат на различни пресметковни периоди.

193

Однапред платени франшизи, трговски знаци и слични права

На сметката 193 - Однапред платени франшизи, трговски знаци и слични права, се евидентираат однапред платените надоместоци за франшизи, трговски знаци и слични права за период од најмногу 12 месеци, а кои се однесуваат на различни пресметковни периоди.

194

Однапред платени патенти и лиценци

На сметката 194 - Однапред платени патенти и лиценци, се евидентираат однапред платените надоместоци за патенти и лиценци за период од најмногу 12 месеци, а кои се однесуваат на различни пресметковни периоди.

195

Пресметани приходи што не можеле да бидат фактурирани

На сметката 195 - Пресметани приходи што не можеле да бидат фактурирани, се евидентираат приходите од тековниот период кои не можеле да бидат фактурирани, а за кои настанале трошоци во тековниот период.

198

Останати однапред платени трошоци и пресметани приходи

На сметката 198 - Останати однапред платени трошоци и пресметани приходи, се евидентираат активните временски разграничувања кои не се евидентирани на другите сметки од групата 19.

2

КЛАСА 2 Обврски резервирања за трошоци и ризици, одложени плаќања и приходи за идни периоди

21

КРАТКОРОЧНИ ОБВРСКИ СПРЕМА ПОВРЗАНИ ДРУШТВА

На сметките од групата 21 - Краткорочни обврски спрема поврзани друштва се евидентираат краткорочните обврски спрема матични, зависни и други поврзани друштва според називот на сметките од оваа група.

bottom of page