top of page
white_logo_transparent_2x.png

Chart of Accounts

for the accounting in Macedonia

125

Побарувања од камати (договорни и казнени)

На сметката 125 - Побарувања од камати (договорни и казнени), се евидентираат побарувањата според називот на сметката.

126

Спорни и сомнителни побарувања

На сметката 126 - Спорни и сомнителни побарувања, се евидентираат побарувањата спрема називот на сметката, како што се: побарувања од купувачи во предстечајна постапка, побарувања од купувачи во стечајна постапка, побарувања од купувачи во ликвидација, отпишаните побарувања од купувачите поради застареност и друго.

127

Останати побарувања

На сметката 127 - Останати побарувања, се евидентираат побарувањата кои не се евидентираат на другите сметки на групата 12.

129

Вредносно усогласување на побарувањата од купувачи

На сметката 129 - Вредносно усогласување на побарувањата од купувачи, се евидентира разликата меѓу сметководствената вредност и проценетата вредност за наплата на побарувања евидентирани на сметките од групата 12.

13

ПОБАРУВАЊА ОД ДРЖАВНИ ОРГАНИ И ИНСТИТУЦИИ

На сметките од групата 13 - Побарувања од државни органи и институции, се евидентираат побарувањата од државата и други институции според називите на сметките од оваа група.

130

Данок на додадена вредност

На сметката 130 - Данок на додадена вредност, се искажуваат побарувањата за данок на додадена вредност. Во задолжување на оваа сметка се искажува и пренесениот пресметан данок на додадена вредност од претходниот учесник во прометот.

131

Побарувања за повеќе платени акцизи

На сметката 131 - Побарувања за повеќе платени акцизи, се евидентираат побарувањата според називот на сметката.

132

Побарувања за повеќе платени царини и царински давачки

На сметката 132 - Побарувања за повеќе платени царини и царински давачки, се евидентираат побарувањата според називот на сметката.

133

Побарувања за повеќе платен данок на добивка, данок на вкупен приход и данок на приход платен на странско правно лице (задржан данок)

На сметката 133 - Побарувања за повеќе платен данок на добивка, данок на вкупен приход и данок на приход платен на странско правно лице (задржан данок), се евидентираат побарувањата според називот на сметката.

134

Побарувања за повеќе платен персонален данок на доход

На сметката 134 - Побарувања за повеќе платен персонален данок на доход, се евидентираат побарувањата според називот на сметката, како што се побарувањата за повеќе платен персонален данок на исплатена плата и надоместоци на плата и побарувања за повеќе платен персонален данок врз други основи.

bottom of page