Chart of Accounts
for the accounting in Macedonia
116
Побарувања од специфично работење од поврзани друштва
На сметка 116 - Побарувања од специфично р аботење од поврзани друштва, се евидентираат побарувањата од матични, зависни и други поврзани друштва врз основа на комисиона и консигнациона продажба во земјата и во странство, извоз, увоз за туѓа сметка.
12
ПОБАРУВАЊА ОД КУПУВАЧИ
На сметките од групата 12 - Побарувања од купувачи, се евидентираат побарувањата од купувачите во земјата и странство врз основа на продажба на добра и услуги. Побарувањата врз основа на продажба се признаваат и се вреднуваат во согласност со МСС 18, МСС 39 и други релевантни МСФИ и одделите 23, 11 и 12 и други релевантни оддели на меѓународ ниот стандард за финансиско известување за мали и среднисубјекти.
124
Побарувања од специфично работење на неповрзани друштва
На сметката 124 - Побарувања од специфично работење на неповрзани друштва, се евидентираат побарувањата врз основа на комисиона и консигнациона продажба во земјата и во странство, извоз, увоз за туѓа сметка и други побарувања од специфично работење.