top of page
white_logo_transparent_2x.png

Chart of Accounts

for the accounting in Macedonia

744

Приходи од продажба на нетековни средства кои се чуваат за продажба и прекинато работење

На сметката 744 - Приходи од продажба на нетековни средства кои се чуваат за продажба и прекинато работење се евидентираат остварените приходи според називот на сметката.

745

Приходи врз основа на употреба на сопствени добра (производи, стоки) и услуги

На сметката 745 - Приходи врз основа на употреба на сопствени добра (производи, стоки) и услуги, се евидентираат приходите врз основа на употреба на сопствени добра за изработка на објекти, постројки, алат, опрема и друго.

746

Приходи од специфично работење на неповрзани друштва

На сметката 746 - Приходи од специфично работење на неповрзани друштва се евидентираат приходите од извозници, од увоз за туѓа сметка, од комисиона и консигнациона продажба.

747

Приходи од наемнини

На сметката 747 -Приходи од наемнини, се опфаќаат приходи врз основа на наемнини.

748

Приходи од продажба на добра врз основа на финансиски наем (лизинг)

На сметката 748 - Приходи од продажба на добра врз основа на финансиски наем (лизинг), се евидентираат приходите од финансиски наем (лизинг).

749

Останати приходи од продажба на неповрзани друштва

На сметката 749 -Останати приходи од продажба на неповрзани друштва, се евидентираат приходите од продажба кои не се евидентирани на другите сметки во рамки на групата 74.

75

ПРИХОДИ ОД ВРЕДНОСНО УСОГЛАСУВАЊЕ НА НЕТЕКОВНИ И ТЕКОВНИ СРЕДСТВА

На сметките од групата 75 - Приходи од вредносно усогласување на нетековни и тековни средства, се евидентираат остварените приходи од вредносно усогласување на нетековни и тековни средства според називите на сметките од оваа група.

750

Приходи од вредносно усогласување на нематеријални средства

На сметката 750 - Приходи од вредносно усогласување на нематеријални средства, се евидентираат приходите според називот на сметката.

751

Приходи од вредносно усогласување на материјални средства

На сметката 751 - Приходи од вредносно усогласување на материјални средства, се евидентираат приходите според називот на сметката.

752

Приходи од вредносно усогласување на вложувања во недвижности

На сметката 752 - Приходи од вредносно усогласување на вложувања во недвижности, се евидентираат приходите според називот на сметката.

bottom of page