top of page
white_logo_transparent_2x.png

Chart of Accounts

for the accounting in Macedonia

650

Вредност на стоките по пресметка на добавувачот

На сметката 650 - Вредност на стоките по пресметка на добавувачот, се евидентира набавната цена на стоките.

651

Зависни трошоци за набавка на стоки

На сметката 651 - Зависни трошоци за набавка на стоки, се евидентираат транспортните трошоци, манипулативните и другите трошоци кои можат директно да се припишат на набавката на стоките.

652

Царини и други увозни давачки за стоките

На сметката 652 - Царини и други увозни давачки за стоките, се евидентираат царините и други увозни давачки за стоките.

653

Данок на додадена вредност, акцизи и други давачки за стоки

На сметката 653 - Данок на додадена вредност, акцизи и други давачки за стоки, се евидентира данок на додадена вредност, акцизи и други давачки при набавка на стоките.

659

Пресметка на набавката

На сметката 659 - Пресметка на набавката, се пресметува и се пренесува вредноста на набавените стоки на сметките од групата 66.

66

СТОКИ

На сметките од групата 66 - Стоки, се евидентираат залихите на стоки според називите на сметките од оваа група. Признавањето и вреднувањето на залихите на стоки се врши во согласност со МСС 2, други релевантни МСФИ и оддел 13 и други релевантни оддели на меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти.

660

Стоки на залиха

На сметката 660 - Стоки на залиха, се евидентира вредноста на залихата на стоки пред ставање на стоките во промет.

661

Стоки во туѓ склад

На сметката 661 - Стоки во туѓ склад, се евидентира вредноста на залихите на стоки кои се дадени за складирање во туѓ склад, силос, ладилник и друго, и кои се дадени за комисиона и консигнациона продажба.

662

Стоки на пат

На сметката 662 - Стоки на пат, се евидентира вредноста стоките кои се испорачани на купувачот до моментот додека купувачот не го потврди приемот на стоките.

663

Стоки во продавница

На сметката 663 - Стоки во продавница, се евидентира вредноста на залихите на стоки кои се ставени во промет на мало.

bottom of page