top of page
white_logo_transparent_2x.png

Chart of Accounts

for the accounting in Macedonia

406

Трошоци за амбалажа

На сметката 406 - Трошоци за амбалажа, се евидентираат трошоци за амбалажа која не се двои од производот.

407

Трошоци за ситен инвентар, амбалажа и автогуми (за производство)

На сметката 407 - Трошоци за ситен инвентар, амбалажа и автогуми (за производство), се евидентира еднократниот отпис.

408

Трошоци за ситен инвентар, амбалажа и автогуми (за администрација, управа и продажба)

На сметката 408 - Трошоци за ситен инвентар, амбалажа и автогуми (за администрација, управа и продажба), се евидентира еднократниот отпис.

409

Отстапувања од стандардните (плански) цени

На сметката 409 - Отстапувања од стандардните (плански) цени, се евидентираат отстапувањата од стандардниот трошок.

41

ТРОШОЦИ ЗА УСЛУГИ

На сметките од групата 41 - Трошоци за услуги, се искажуваат услугите според називите на сметките од оваа група.

410

Транспортни услуги

На сметката 410 - Транспортни услуги, се евидентираат транспортните услуги од други субјекти, како што се трошоците за патен, железнички, воздушен, воден транспорт, за услуги за достава и логистика и останати трошоци за транспорт.

411

Поштенски услуги, телефонски услуги и интернет

На сметката 411 - Поштенски услуги, телефонски услуги и интернет, се евидентираат трошоците според називот на сметката.

412

Надворешни услуги за изработка на добра и извршување на услуги

На сметката 412 - Надворешни услуги за изработка на добра и извршување на услуги, се евидентираат услугите за изработка на добра кои се составен дел на процесот на производство, како што се услугите за доработка, изработка, преработка и слично во производство и изградба и останати надворешни услуги за изработка на добра и извршување на услуги.

413

Услуги за одржување и заштита

На сметката 413 - Услуги за одржување и заштита, се евидентираат трошоците за одржување на нетековни средства и трошоците за заштита.

414

Наем - лизинг

На сметката 414 - Наем - лизинг, се евидентираат трошоците за наем на средства (оперативен наем).

bottom of page