top of page
white_logo_transparent_2x.png

Chart of Accounts

for the accounting in Macedonia

292

Пресметани трошоци за користење на права

На сметката 292 – Пресметани трошоци за користење на права, се евидентираат пресметаните трошоци за користење на права (франшиза, користење на трговски марки, лиценци, авторски права и за останати права.

293

Пресметани приходи за идни периоди

На сметката 293 - Пресметани приходи за идни периоди, се евидентираат наплатените или пресметаните приходи во тековниот пресметковен период, а кои се однесуваат на идниот пресметковен период, како што се: однапред наплатени приходи и останатите приходи на идниот период.

294

Одложено признавање на приходи врз основа на државни поддршки

На сметката 294 - Одложено признавање на приходи врз основа на државни поддршки, се евидентираат одложените приходи од државните субвенции, донации, помошти и слично во согласност со МСС 20 и други релевантни МСФИ и оддел 24 на меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти.

295

Одложено признавање на приходи

На сметката 295 - Одложено признавање на приходи, се евидентираат разграничен вишок на приходи од продажба и повратен финансиски наем, одложените признати приходи во случај кога е предвидено враќање на купената стока и слично.

299

Останати пасивни временски разграничувања

На сметката 299 - Останати пасивни временски разграничувања, се евидентираат пасивните временски разграничувања кои не се евидентирани на другите сметки на групата 29.

3

КЛАСА 3 ЗАЛИХИ НА СУРОВИНИ, МАТЕРИЈАЛИ,РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ И СИТЕН ИНВЕНТАР

30

ПРЕСМЕТКА НА НАБАВКАТА НА ЗАЛИХИ

На сметките од групата 30 - Пресметка на набавката на залихи, се евидентира куповната (фактурна) вредност и трошоците на набавката што се засметуваат во набавната вредност на суровините, материјалите, резервните делови и ситниот инвентар, амбалажата и автогумите. Користењето на сметките на оваа група не е задолжително.

300

Вредност по пресметка од добавувачите

На сметката 300 - Вредност по пресметка од добавувачите, се евидентира фактурната цена на материјалите, резервните делови и ситниот инвентар.

301

Зависни трошоци на набавката

На сметката 301 - Зависни трошоци на набавката, се евидентираат трошоците поврзани со набавката на залихите, како што се: трошоците за транспорт, за утовар и истовар, посебните трошоци за пакување, трошоците на сопствениот транспорт, трошоците на сопствениот утовар и истовар, трошоците за шпедиција, трошоците за атест и контрола, трошоците за доработка и оплеменување за време на набавката на залихите и останати зависни трошоци на набавката.

302

Царини и други увозни давачки

На сметката 302 - Царини и други увозни давачки, се евидентираат јавните давачки според називот на оваа сметка.

bottom of page