top of page
white_logo_transparent_2x.png

Chart of Accounts

for the accounting in Macedonia

15

ОСТАНАТИ ПОБАРУВАЊА

На сметките од групата 15 - Останати побарувања, се евидентираат побарувањата според називите на сметките од оваа група.

150

Побарувања од осигурителни друштва

На сметката 150 - Побарувања од осигурителни друштва, се евидентираат побарувања според називот на сметката.

151

Побарувања за тантиеми (надоместоци за користење патенти, знаци и авторски права)

На сметката 151 - Побарувања за тантиеми (надоместоци за користење патенти, знаци и авторски права), се евидентираат побарувања според називот на сметката.

152

Побарувања врз основа на цесија, асигнација и преземање на долг

На сметката 152 - Побарувања врз основа на цесија, асигнација и преземање на долг, се евидентираат побарувања според називот на сметката.

153

Побарувања за членарини

На сметката 153 - Побарувања за членарини, се евидентираат побарувања според називот на сметката.

154

Побарувања за дивиденда или удел во добивката

На сметката 154 - Побарувања за дивиденда или удел во добивката, се евидентираат побарувања според називот на сметката.

157

Побарувања врз основа на продажба на удел

На сметката 157 - Побарувања врз основа на продажба на удел, се евидентираат побарувања според називот на сметката.

158

Останати побарувања

На сметката 158 - Останати побарувања, се евидентираат побарувањата кои не се евидентирани на другите сметки од групата 15.

159

Вредносно усогласување на останати побарувања

На сметката 159 - Вредносно усогласување на останати побарувања, се евидентира разликата меѓу сметководствената вредност и проценетата вредноста на останатите побарувањата за кои постои веројатност за ненаплативост.

16

КРАТКОРОЧНИ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА

На сметките од групата 16 - Краткорочни финансиски средства, се евидентираат кредити, хартии од вредност и останати краткорочни средства со рок на доспевање, односно продажба до една година, според називите на сметките од оваа група.Краткорочните финансиски вложувања се признаваат и се вреднуваат во согласност со МСС 39 и други релевантни МСФИ и одделите 11 и 12 и други релевантни оддели на меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти.

bottom of page