Министерството за финансии го објави економски извештај за кварталот 4 од 2017та година.
Во продолжение е резимето:
Бруто-домашниот производ домашниот производ во К-4-2017 во однос на истиот квартал во 2016 година забележа раст од 1,2% на реална основа;
Бројот на вработени во K-4-2017 е повисок за 1,9% во однос на истиот квартал во 2016 година. Бројот на невработени се намали за 4,9%, што резултираше со намалување на стапката на невработеност во К-4-2017 на 21,9%;
Стапката на инфлација во К-4-2017, мерена според Индексот на трошоци на живот, изнесува 2,2% на годишна основа;
Просечната бруто-плата во К-4-2017 изнесува 34.454 денари и бележи раст од 3,1% на номинална основа, односно раст од 0,9% на реална основа, споредено со бруто- платата во К-4-2016;
Вкупните буџетски приходи во К-4-2017 се повисоки за 11,9%, а вкупните буџетски расходи за 8,1% споредено со истиот квартал во 2016 година;
Вкупниот депозитен потенцијал на банките во К-4-2017 се зголеми за 5,7% на квартална основа;
Кредитната активност на банките кон недржавниот сектор во К-4-2017 бележи раст од 4,1% на квартална основа;
Македонскиот берзански индекс МБИ-10 во декември 2017 година се намали за 5,6% во однос на септември 2017 година. Споредено со претходниот квартал, вкупниот промет остварен на берзата во К-4-2017 регистрираше раст од 30,8%;
Во К-4-2017 е забележан раст на извозот на стоки извозот на стоки од 16,1% и на увозот на стоки увозот на стоки од 13,2% на годишна основа, со што вкупната надворешнотрговска размена изразена во евра забележа раст од 14,4%;
Целиот извештај од Министерството за финансии може да се прегледа тука ...