top of page
white_logo_transparent_2x.png

Chart of Accounts

for the accounting in Macedonia

763

Добивки од продажба на материјали и отпадоци

На сметката 763 - Добивки од продажба на материјали и отпадоци, се евидентираат приходите според називот на сметката.

764

Вишоци

На сметката 764 - Вишоци, се евидентираат вишоците утврдени со пописот.

765

Приходи од наплатени отпишани побарувања и приходи од отпис на обврските

На сметката 765 - Приходите од наплатени отпишани побарувања и приходи од отпис на обврските, се евидентира приходот според називот на сметката.

766

Приходи врз основа на ефекти од договорена заштита од ризик

На сметката 766 - Приходи врз основа на ефекти од договорена заштита од ризик, се евидентираат приходите од ефектот од заштита од ризик од поврзани и неповрзани друштва, освен ефектот врз основа на валутна клаузула.

767

Приходи од премии, субвенции, дотации и донации

На сметката 767 - Приходи од премии, субвенции, дотации и донации, се евидентираат приходите според називот на сметката. Овие приходи се вреднуваат во согласност со МСС 20, други релевантни МСФИ и оддел 24 и други релевантни оддели на меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти.

768

Приходи од укинување на долгорочни резервирања

На сметката 768 - Приходи од укинување на долгорочни резервирања, се евидентираат приходите од укинување на долгорочните резервирања.

769

Останати приходи од работењето

На сметката 769 - Останати приходи од работењето, се евидентираат приходите кои не се евидентирани на другите сметки во рамки на групата 76.

77

ФИНАНСИСКИ ПРИХОДИ

На сметките од групата 77 - Финансиски приходи, се евидентираат приходите според називите на сметките од оваа група. Овие приходи се вреднуваат во согласност со МСС 18, МСС 21, други релевантни МСФИ и оддел 30 и други релевантни оддели на меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти.

770

Приходи врз основа на камати од работењето со поврзани друштва

На сметката 770 - Приходи врз основа на камати од работењето со поврзани друштва, се евидентираат приходите од договорните камати и казнени камати од матични, зависни и други поврзани друштва.

771

Приходи врз основа на позитивни курсни разлики од работењето со поврзани друштва

На сметката 771 - Приходи врз основа на позитивни курсни разлики од работењето со поврзани друштва, се евидентираат приходите од курсни разлики настанати во пресметковниот период од односи со матични, зависни и други поврзани друштва.

bottom of page