top of page
white_logo_transparent_2x.png

Chart of Accounts

for the accounting in Macedonia

283

Долгорочни обврски спрема добавувачи од странство

На сметката 283 - Долгорочни обврски спрема добавувачи од странство, се евидентираат обврските за набавка на производи, стоки и услуги спрема добавувачите во странство.

284

Долгорочни обврски за примени аванси, депозити и кауции во земјата и странство

На сметката 284 -Долгорочни обврски за примени аванси, депозити и кауции во земјата и странство, се евидентираат обврските врз основа на примени долгорочни аванси, депозити и кауции од купувачи, како што се авансите за изградба на градежни објекти, за изградба на постројки, за испорака на залихи и друго.

285

Долгорочни обврски врз основа на заеми и кредити од поврзани друштва во земјата и странство

На сметката 285 - Долгорочни обврски врз основа на заеми и кредити од поврзани друштва во земјата и странство се евидентираат обврските врз основа на примени заеми и кредити од матични, зависни и други поврзани друштва во земјата и странство и обврските за камата.

286

Долгорочни обврски врз основа на заеми и кредити во земјата и странство

На сметката 286 - Долгорочни обврски врз основа на заеми и кредити во земјата и странство се евидентираат обврските врз основа на примени заеми и кредити, освен обврските на заеми и кредити од матични, зависни и други поврзани друштва. Во рамки на оваа сметка се евидентираат и долгорочните обврски за финансиски лизинг.

287

Долгорочни обврски врз основа на издадени хартии од вредност

На сметката 287 - Долгорочни обврски врз основа на издадени хартии од вредност, се евидентираат обврските за издадени хартии од вредност со рок на доспевање над 1 година. Друштвото обезбедува аналитичка евиденција на издадените конвертибилни обврзници кои што на доверителите им даваат право да ги заменат за акции, во одреден период на определена опција или во кое било време за време на траењето на обврзниците.

288

Останати долгорочни обврски и останати финансиски долгорочни обврски

На сметката 288 - Останати долгорочни обврски и останати финансиски долгорочни обврски, се евидентираат долгорочни обврски и останати финансиски долгорочни обврски кои не се евидентирани на другите сметки од групата 28.

289

Одложени даночни обврски

На сметката 289 - Одложени даночни обврски, се евидентираат износите на данокот на добивка кои се плаќаат во идните периоди врз основа на оданочиви времени разлики во согласност со МСС 12 и оддел 29 на меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти.

29

ОДЛОЖЕНИ ПЛАЌАЊА НА ТРОШОЦИ И ПРИХОДИ НА ИДНИ ПЕРИОДИ (ПВР)

На сметките од групата 29 - Одложени плаќања на трошоци и приходи на идни периоди (пасивни временски разграничувања), се евидентираат пресметаните трошоци кои го товарат тековниот пресметковен период, а не се фактурирани, како и однапред наплатените или пресметаните приходи во тековниот период кои се однесуваат на наредниот пресметковен период.

290

Однапред пресметани трошоци

На сметката 290 - Однапред пресметани трошоци, се евидентираат пресметани трошоци кои го товарат тековниот пресметковен период, а за кои не е примена фактура (телефон, греење, електрична енергија, плин, вода и слично), пресметана наемнина (оперативен наем), пресметани трошоци за реклама, пропаганда и саеми, пресметани трошоци за одржување на недвижностите, постројките и опрема, пресметани трошоци за премии за осигурување, пресметани трошоци за претплата на списанија, весници, стручна литература и слично, пресметани трошоци за банкарски услуги и други пресметани трошоци.

291

Пресметани трошоци за набавка на добра

На сметката 291 - Пресметани трошоци за набавка на добра се евидентираат зависните трошоци на набавката на добра (превоз, осигурување и слично), за кои во моментот на книжење на набавката не се фактурирани. По добивање на фактурата за стварните трошоци за набавката се задолжува оваа сметка во корист на соодветната сметка за обврски.

bottom of page