Chart of Accounts
for the accounting in Macedonia
27
ДОЛГОРОЧНИ РЕЗЕРВИРАЊА
На сметките од групата 27 - Долгорочни резервирања, се евидентираат долгорочните резервирања за трошоци и ризици, кои се признаваат и вреднуваат во согласност со МСС 19, МСС 37 и други релевантни МСФИ и оддел 21 и 28 на меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти. Неискористениот износ на резервирањето се укинува со одобрување на сметката од група 76 - Приходи од укинување на долгорочните резервирања .
273
Резервирања за користи на вработените
На сметката 273 - Резервирања за користи на вработените, се евидентираат резервирањата врз основа на бенефициите за вработените, како што се отпремнините при пензионирање, јубилејните награди и за други обврски спрема вработените, кои се исплаќаат во согласност со стекнатите права во текот и по п рестанокот на работниот однос.
28
ДОЛГОРОЧНИ ОБВРСКИ
На сметките од групата 28 - Долгорочни обврски, се евидентираат обврските кои доспеваат во рок подолг од една година, од денот на настанувањето, односно по период на известување, според називите на сметките од оваа група. Долгорочните обврски се признаваат и се вреднуваат во согласност со МСС 39 и други релевантни МСФИ и оддели 11 и 12 и други релевантни оддели на меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти.
280
Долгорочни обврски од поврзани друштва врз основа на набавка на добра и услуги во земјата и странство
На сметката 280 - Долгорочни обврски од поврзани друштва врз основа на набавка на добра и услуги во земјата и странство, се евидентираат обврските според називот на сметката. Во рамки на оваа сметка се евидентираат обврските за камата.
281
Долгорочни обврски од поврзани друштва за аванси, депозити и кауции во земјата и странство
На сметката 281 – Долгорочни обврски од поврзани друштва за аванси, депозити и кауции во земјата и странство, се евидентираат обврските врз основа на примени долгорочни аванси, депозити и кауции од матични, зависни и други поврзани друштва.