top of page
white_logo_transparent_2x.png

Chart of Accounts

for the accounting in Macedonia

210

Обврски од поврзани друштва врз основа на набавка на добра и услуги во земјата

На сметката 210 - Обврски од поврзани друштва врз основа на набавка на добра и услуги во земјата, се евидентираат фактурираните и нефактурираните обврски спрема домашните матични, зависни и други поврзани друштва кои влегуваат во групата за консолидирање.

211

Обврски од поврзани друштва врз основа на набавка на добра и услуги од странство

На сметката 211 - Обврски од поврзани друштва врз основа на набавка на добра и услуги од странство, се евидентираат фактурираните и нефактурираните обврски спрема нерезидентните матични, зависни и други поврзани друштва.

212

Обврски од поврзани друштва за аванси, депозити и кауции во земјата

На сметката 212 - Обврски од поврзани друштва за аванси, депозити и кауции во земјата, се евидентираат обврските според називот на сметката.

213

Обврски од поврзани друштва за аванси, депозити и кауции од странство

На сметката 213 - Обврски од поврзани друштва за аванси, депозити и кауции од странство, се евидентираат обврските според називот на сметката

214

Обврски од поврзани друштва за камати (договорни и казнени) во земјата

На сметката 214 - Обврски од поврзани друштва за камати (договорни и казнени) во земјата, се евидентираат обврските според називот на сметката.

215

Обврски од поврзани друштва за камати (договорни и казнени) од странство

На сметката 215 - Обврски од поврзани друштва за камати (договорни и казнени) од странство, се евидентираат обврските според називот на сметката.

216

Обврски од специфично работење од поврзани друштва

На сметката 216 - Обврски од специфично работење од поврзани друштва, се евидентираат обврските врз основа на комисиона и консигнациона продажба, увоз, извоз за туѓа сметка и други обврски од специфично работење со матични, зависни и други поврзани друштва.

218

Останати обврски од поврзани друштва

На сметката 218 - Останати обврски од поврзани друштва, се евидентираат обврските спрема матични, зависни и други поврзани друштва кои не се евидентирани на другите сметки во рамките на групата 21.

22

КРАТКОРОЧНИ ОБВРСКИ СПРЕМА ДОБАВУВАЧИ

На сметките од групата 22 - Краткорочни обврски спрема добавувачи, се евидентираат фактурираните и нефактурираните обврски спрема добавувачите во земјата и во странство.

220

Обврски спрема добавувачи во земјата

На сметката 220 - Обврски спрема добавувачи во земјата, се евидентираат фактурираните и нефактурираните обврски спрема добавувачите во земјата, освен обврските спрема матичните, зависните и други поврзани друштва.

bottom of page