Три начини за креирање на Пејпал сметка за наплата на производи и услуги

Креирање на сметка за наплата на производи и услуги преку Пејпал во Македонија не е сложена постапка. Сепак си има свои специфики и ако не се прават чекорите по одреден редослед, обидите за креирање на сметка може да бидат неуспешни.
Логин Системи како општествено одговорна компанија издвојува свои ресурси, време и можности за да им олесни на фирмите и поединците во нивните напори за онлајн наплата преку помош во креирање на бизнис сметка на Пејпал. Ова е волонтерска, непрофитна активност на Логин Системи.
На потенцијалните заинтересирани за бизнис сметка на Пејпал, изработивме неколку начини и канали за помош во креирање и користење на сметка paypal за наплата на производи и услуги. Погледнете ги подолу.
Самостојно со помош на содржините од овој форум 👇👇👇
Форумот на Логин Системи изобилува со информации и објаснувања за успешно креирање на сметка за Пејпал. На форумот може да се постават прашања, да се сподели искуство и информација. Линкот е www.loginsystems.biz/paypal.
Онлајн курс со самостојно темпо 👇👇👇
Курсот се состои од подготвителни активности, креирање на сметка за купување, прикачување на платежна картичка, надградба на бизнис сметка и креирање на веб линк за наплата PayPal.me. После секоја тема има дел за фидбек и евентуални прашања. Сите учесници стануваат членови на групата за пејпал каде може да се разменуваат искуства и информации.
Курсот е на промоција и е бесплатен за првите учесници. Линк за повеќе информации за „Чекор по чекор до бизнис сметка на Пејпал“ има тука.
Консултации 1 на 1 👇👇👇
Оваа премиум услуга содржи консултации за време од 30 минути кадешто може да се праша за PayPal како сервис, да зборуваме за стратегија на поставување на платежна услуга PayPal за наплата на твоите производи и услуги. Услугата што ја нудиме вклучува и помош во инсталирање и конфигурирање на бизнис сметката во временската рамка на оваа услуга.
Повеќе инфо и можност за закажување има на линкот 👇. Кликнете на описот за повеќе информации или на копчето Book Now за да иницирате закажување на термин.
Услугата се наплаќа, а на линкот погоре има информации за котизацијата.
За техничка и друга поддршка, секако дека е пожелно да го контактирате Пејпал на https://www.paypal.com/mk/cshelp/personal.
Се надеваме дека ви помогнавме и со успех користењето Пејпал/Paypal! 🙏🙏🙏
#paypal #пејпал
