Искуства со VISA Business картички за прием на средства преку PayPal во Македонија
Здраво на сите!
Претходно имав успешно креирано персонален PayPal account со обична VISA Debit картичка од НЛБ банка.
Успешно примав средства и се функционираше како што треба. Сега сакам да се надоградам во Business account на PayPal, и ме интересира доколку некој има искуство да каже кои Visa Business картички функционираат, и од која банка.
Најверојатно проблемот е во тоа што надградуваш акаунт кој веќе бил креиран во Пејпал.
Пробај со целосно нова емаил адреса и пејпал акаунт. Подолу е совет број 1 од корисните совети за креирање на бизнис сметка.
✅ Нова емаил адреса од домен што не е употребуван никогаш од Пејпал. Може да биде gmail, yahoo, outlook, како и доменот од вашата организација или веб сајт.
Три начини за креирање на Пејпал сметка за наплата на производи и услуги
Три начини за креирање на Пејпал сметка за наплата на производи и услуги
Креирање на сметка за наплата на производи и услуги преку Пејпал во Македонија не е сложена постапка. Сепак си има свои специфики и ако не се прават чекорите по одреден редослед, обидите за креирање на сметка може да бидат неуспешни.
Логин Системи како општествено одговорна компанија издвојува свои ресурси, време и можности за да им олесни на фирмите и поединците во нивните напори за онлајн наплата преку помош во креирање на бизнис сметка на Пејпал. Ова е волонтерска, непрофитна активност на Логин Системи.
На потенцијалните заинтересирани за бизнис сметка на Пејпал, изработивме неколку начини и канали за помош во креирање и користење на сметка paypal за наплата на производи и услуги. Погледнете ги подолу.
Самостојно со помош на содржините од овој форум 👇👇👇
Форумот на Логин Системи изобилува со информации и објаснувања за успешно креирање на сметка за Пејпал. На форумот може да се постават прашања, да се сподели искуство…
Морам да нагласам за сите што сакаат да го пробаат да отворат Paypal сметка, да не се откажуваат иако не го завршат процесот на прво. Мојот прв обид беше неуспешен поради тоа што не беше активна картичката од NLB banka.
Во консултација со Венко, извадив нова картица и мојот втор обид беше успешен. Како фирма која што работи со affiliate marketing потребата за Paypal во Македонија е неизбежна, бидејќи доколку не си во Европска унија и не поседуваш Paypal сметка не можеш да ги примиш парите кои што се заработени.
Најдобар водич при креирањето на мојата сметка е овој пост на Венко Глигоров;
Како што кажав извадив Visa картичка од NLB банка (доколку е нова картица обавезно проверете дали имате средства на картицата и според моето искуство најдобро да направите барем една трансакција за да бидите сигурни дека картицата е активна). Не сакам да ги повторувам постапките кои што се…
Картичките на Халк банка се поддржани за наплата со Пејпал
Картичките на Халк банка се поддржани за наплата со Пејпал
Споделуваме информација од наш член кој ни потврди дека со картичка од Халк банка успешно е креирана бизнис сметка за наплата на производи и услуги преку Пејпал.
Според нашите сознанија од форумот, поддржани картички за бизнис сметка на Пејпал се следните банки:
НЛБ банкаКомерцијална банкаСтопанска банкаХалк банка
При тоа, важно е да се напомене дека само ВИСА картичките се оспособени за наплата преку Пејпал.
Дејан,
Најверојатно проблемот е во тоа што надградуваш акаунт кој веќе бил креиран во Пејпал.
Пробај со целосно нова емаил адреса и пејпал акаунт. Подолу е совет број 1 од корисните совети за креирање на бизнис сметка.
✅ Нова емаил адреса од домен што не е употребуван никогаш од Пејпал. Може да биде gmail, yahoo, outlook, како и доменот од вашата организација или веб сајт.
Повеќе совети има на линкот подолу...
Се надевам ќе успееш.