top of page
white_logo_transparent_2x.png

Chart of Accounts

for the accounting in Macedonia

05

ОДЛОЖЕНИ ДАНОЧНИ СРЕДСТВА

На сметките од групата 05 - Одложени даночни средства, се евидентираат одложените даночни средства во согласност со МСС 12 и други релевантни стандарди и оддел 29 и други релевантни оддели на меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти.

050

Одложени даночни средства

На сметката 050 - Одложени даночни средства се евидентира износот на данокот на добивка кој може да се поврати во наредните периоди врз основа на привремени одбитни разлики, неискористени даночни загуби или пренесени неискористени даночни кредити.

1

КЛАСА 1 ПАРИЧНИ СРЕДСТВА, ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ,КРАТКОРОЧНИ ПОБАРУВАЊА И ПЛАТЕНИ ТРОШОЦИЗА ИДНИ ПЕРИОДИ И ПРЕСМЕТАНИ ПРИХОДИ

10

ПАРИЧНИ СРЕДСТВА И ПАРИЧНИ ЕКВИВАЛЕНТИ

На сметките од групата 10 - Парични средства и парични еквиваленти, се евидентираат паричните средства во благајната, на сметките кај деловните банки, депозитите по видување, благородните метали и предметите од благородни метали и краткорочните и високо ликвидни вложувања со рок на доспеаност до три месеци или помалку, од датумот на стекнување и се со безначаен ризик од намалување на вредност.

100

Парични средства на трансакциски сметки во денари

На сметката 100 – Парични средства на трансакциски сметки во денари, се евидентираат денарските паричните средства на трансакциските сметки (друштвото оваа сметка ја расчленува согласно бројот на отворени трансакциски сметки кај банките), како и искористените рамковни кредити.

101

Издвоени парични средства и акредитиви

На сметката 101 - Издвоени парични средства и акредитиви, се евидентираат средствата издвоени на посебни сметки кај банките за отворени акредитиви во земјата, за исплата на чекови, за инвестиции и за други намени.

102

Парични средства во благајна

На сметката 102 - Парични средства во благајна, се евидентираат состојбата и уплати и исплати на готовина на главната благајна, благајната на продавница, благајна на сервисот и останатите видови благајна во зависност на дејноста на друштвото. Друштвото во рамки на ова сметка по потреба води преодна сметка за благајната на продавница.

103

Девизни сметки

На сметката 103 - Девизни сметки, се евидентира состојбата и промените на парични средства на сметките во странска валута. Друштвото оваа сметка ја расчленува во зависност од намената на сметката.

104

Девизни акредитиви

На сметката 104 - Девизни акредитиви, се евидентираат отворените девизни акредитиви кај банките за плаќања во странство.

105

Парични средства во благајна во странска валута

На сметката 105 - Парични средства во благајна во странска валута, се евидентира состојбата, уплатите и исплатите на ефективни странски парични средства за службени патувања во странство, за трошоци поврзани со транспортот на стоката во странство, за менувачки работи и слично.

bottom of page