На сметката 992 - Хартии од вредност и други вредносници, се евидентираат примените хартии од вредност како средства за обезбедување како и други вредносници.
На сметката 993 - Права, се евидентираат одобрените (договорени) кредити, хипотекарното право (право на туѓи средства), п равото на оштета, правата на користење патенти, лиценци и слични права, правата по лоро акредитиви (домашен и странски)
На сметката 994-Останата активна вонбилансна евиденција, се евидентираат потенцијалните средства кои не се евидентирани на другите активни вонбилансни сметки.
Обврски за примени туѓи недвижности, постројки и опрема
На сметката 995 -Обврски за примени туѓи недвижности, постројки и опрема, се евидентираат обврските врз основа на средства евидентирани на сметката 990.
Обврски за примени туѓи материјали, полупроизводи, производи и стоки
На сметката 996 - Обврски за примени туѓи материјали, полупроизводи, производи и стоки, се евидентираат обврските врз основа на средства евидентирани на сметката 991.