На сметката 773 - Приходи од вложувања во поврзани друштва, се евидентираат приходите од дивиденди и од удели од матични, зависни и други поврзани друштва.
Приходи врз основа на позитивни курсни разлики од работењето со неповрзани друштва
На сметката 775 - Позитивни курсни разлики од работењето со неповрзани друштва, се евидентираат позитивните курсни разлики за денарската противвредност на монетарните ставки искажани во странски валути.
На сметката 776 - Приходи од вложувања во неповрзани друштва, се евидентираат приходите од дивиденди или удели, учество во инвестициони фондови и останати финансиски приходи.
Нереализирани добивки (приходи) од финансиски средства
На сметката 777 - Нереализирани добивки (приходи) од финансиски средства, се евидентираат приходите од зголемување на вредноста на акциите, уделите и останатите финансиски средства.
На сметките од групата 78 - Удел во добивката на придружно друштво и нето добивка од прекинато работење, се евидентираат приходите според називите на сметките од оваа група.
На сметката 781 - Нето добивка од прекинато работење, се евидентира добивката на организационите делови за кои е донесена одлука за прекин на работењето.