top of page
white_logo_transparent_2x.png

Chart of Accounts

for the accounting in Macedonia

450

Вредносно усогласување (обезвреднување) на нематеријални средства

На сметката 450 - Вредносно усогласување (обезвреднување) на нематеријалните средства, се евидентира намалувањето на сметководствената вредност на нематеријалните средства.

451

Вредносно усогласување (обезвреднување) на материјални средства

На сметката 451 - Вредносно усогласување (обезвреднување) на материјалните средства, се евидентира намалувањето на сметководствената вредност на материјалните средства.

452

Вредносно усогласување (обезвреднување) на вложувања во недвижности

На сметката 452 - Вредносно усогласување (обезвреднување) на вложувањата во недвижности, се евидентира намалувањето на сметководствената вредност на вложувањата во недвижности.

453

Вредносно усогласување (обезвреднување) на останати материјални средства

На сметката 453 - Вредносно усогласување (обезвреднување) на останати материјални средства, се евидентира намалувањето на сметководствената вредност на останатите материјални средства.

454

Вредносно усогласување (обезвреднување) на долгорочни побарувања, депозити и слично

На сметката 454 - Вредносно усогласување (обезвреднување) на долгорочните побарувања, депозити и слично, се евидентира обезвреднувањето на долгорочните побарувања и депозити.

455

Вредносно усогласување (обезвреднување) на краткорочни побарувања

На сметката 455 - Вредносно усогласување (обезвреднување) на краткорочните побарувања, се евидентира обезвреднувањето на побарувањата до 1 година.

456

Вредносно усогласување (обезвреднување) на залихи

На сметката 456 - Вредносно усогласување (обезвреднување) на залихи, се евидентира обезвреднувањето на материјали, резервните, делови, ситен инвентар и автогуми, производи и залиха на стоки во магацин и во продавница.

457

Вредносно усогласување (обезвреднување) на нетековни средства кои се чуваат за продажба и прекинато работење

На сметката 457 - Вредносно усогласување (обезвреднување) на нетековни средства кои се чуваат за продажба и прекинато работење се евидентира намалувањето на сметководствената вредност на нетековни средства (или група за отуѓување) кои се чуваат за продажба.

459

Вредносно усогласување (обезвреднување) на останати средства

На сметката 459 - Вредносно усогласување (обезвреднување) на останати средства, се евидентира обезвреднувањето на средствата за кое не постои посебна сметка во рамки на групата 45.

46

ОСТАНАТИ РАСХОДИ

На сметките од групата 46 - Останати расходи, се евидентираат загубите врз основа на продажба и расходување на нематеријални средства, недвижности, постројки и опрема, загубите врз основа на продажба на биолошките средства, загубите врз основ на продажба на хартиите од вредност и учеството во капиталот на друго друштво, загубите од продажба на материјали, кусоци, кало, растур, расипување и кршење, расходите врз основ на ефекти од договорена заштита од ризик, расходи врз основа на директни отписи на побарувања и останати неспомнати расходи. На сметката 460 - Загуби врз основа на расходување и загуби од продажба на нематеријални и материјални средства, се искажува неотпишаната вредност на нематеријалните и материјалните средства расходувани или отуѓени без продажба и загубите од продажба на нематеријалните и материјалните средства.

bottom of page