top of page
white_logo_transparent_2x.png

Chart of Accounts

for the accounting in Macedonia

441

Надоместоци на трошоци на вработените и подароци

На сметката 441 - Надоместоци на трошоци на вработените и подароци, се евидентираат трошоците за надоместок за сместување и исхрана на терен, надоместок за одвоен живот, трошоци за организирана исхрана во текот на работа, трошоци за организиран превоз до и од работа, трошоци за задолжителни систематски лекарски прегледи, трошоци за образование и усовршување на вработените, подароци на вработените и слично.

442

Трошоци за надомест и други примања на членови на управен и надзорен одбор, одбор на директори и управители

На сметката 442 - Трошоци за надомест и други примања на членови на управен и надзорен одбор, одбор на директори и управители се евидентираат трошоците според називот на сметката.

443

Трошоци за спонзорства и донации

На сметката 443 -Трошоци за спонзорства и донации, се евидентираат трошоците според називот на сметката.

444

Трошоци за репрезентација

На сметката 444 -Трошоци за репрезентација, се евидентираат трошоците според називот на сметката.

445

Трошоци за осигурување

На сметката 445 -Трошоци за осигурување, се евидентираат премии за осигурување на нематеријални и материјални средства, премии за вршење на дејност, премии за вршење на ризични работи, премии за доброволно осигурување на вработени во пензиски фондови, премии за докуп на стаж за пензија и други премии.

446

Банкарски услуги и трошоци за платен промет

На сметката 446 - Банкарски услуги и трошоци за платниот промет, се евидентираат трошоците кои се плаќаат во врска со извршениот платен промет и другите банкарски услуги.

447

Даноци кои не зависат од резултатот, членарини и други давачки

На сметката 447 - Даноци кои не зависат од резултатот, членарини и други давачки, се евидентираат трошоците за данок на имот, данок на додадена вредност на добра дадени како подарок и наградни игри, членарини на здруженија, фондови, стопански комори, трошоци за истакнување на фирми, трошоци за радиодифузна такса и останати трошоци.

448

Трошоци за користење на права (освен наем)

На сметката 448 - Трошоци за користење на права (освен наем), се евидентираат надомести за концесија, за франшиза, за know-how,патенти и останати трошоци за користење на права.

449

Останати трошоци на работењето

На сметката 449 - Останати трошоци на работењето, се евидентираат трошоците за кои не е пропишана посебна сметка во рамки на групата 44.

45

ВРЕДНОСНО УСОГЛАСУВАЊЕ (ОБЕЗВРЕДНУВАЊЕ) НА НЕТЕКОВНИ И ТЕКОВНИ СРЕДСТВА

На сметките од групата 45 - Вредносно усогласување (обезвреднување) на нетековни и тековни средства, се евидентираат негативните ефекти од вредносното усогласување на нематеријалните средства, материјалните средства, залихите, финансиските средства и побарувањата во согласност со следните стандарди: за нематеријални и материјални средства согласно МСС 36 и оддел 27 на меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти; за биолошки средства согласно МСС 41 и оддел 34 на меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти; за вложувања во недвижности согласно МСС 40 и оддел 16 на меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти; за побарувања и депозити согласно МСС 39 и оддел 11 и 12 на меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти; за залихи согласно МСС 2 и оддел 13 на меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти; за нетековни средства кои се чуваат за продажба согласно МСФИ 5.

bottom of page