top of page
white_logo_transparent_2x.png

Chart of Accounts

for the accounting in Macedonia

221

Обврски спрема добавувачи од странство

На сметката 221 - Обврски спрема добавувачи од странство, се евидентираат фактурираните и нефактурираните обврски спрема добавувачите во земјата, освен обврските спрема матичните, зависни и други поврзани друштва.

222

Обврски за примени аванси, депозити и кауции во земјата

На сметката 222 - Обврски за примени аванси, депозити и кауции во земјата, се евидентираат обврските според називот на сметката.

223

Обврски за примени аванси, депозити и кауции од странство

На сметката 223 Обврски за примени аванси, депозити и кауции од странство, се евидентираат обврските според називот на сметката.

224

Обврски од специфично работење од неповрзани друштва

На сметката 224 - Обврски од специфично работење од неповрзани друштва, се евидентираат обврските врз основа на комисиона и консигнациона продажба во земјата и во странство, увоз, извоз за туѓа сметка и други обврски од специфично работење во земјата и во странство.

225

Обврски за камати (договорни и казнени)

На сметката 225 - Обврски за камати (договорни и казнени), се евидентираат обврските според називот на сметката.

229

Останати обврски од добавувачи

На сметката 229 - Останати обврски од добавувачи, се евидентираат обврските кои не се евидентирани на другите сметките од групата 22.

23

КРАТКОРОЧНИ ОБВРСКИ ЗА ДАНОЦИ, ПРИДОНЕСИ И ДРУГИ ДАВАЧКИ

На сметките од групата 23 - Краткорочни обврски за даноци, придонеси и други давачки, се евидентираат обврските според називите на сметките од оваа група. Друштвото обезбедува аналитика за сметките во рамки на оваа група.

230

Обврски за данокот на додадена вредност

На сметката 230 - Обврски за данокот на додадена вредност, се евидентираат обврските врз основа на пресметаниот данок на додадена вредност.

231

Обврски за акцизи

На сметката 231 - Обврски за акцизи, се евидентираат обврските за акцизи при увоз и промет на акцизни добра.

232

Обврски за царини и царински давачки

На сметката 232 - Обврски за царини и царински давачки, се евидентираат царините кои влегуваат во состав на зависните трошоци при набавката на залихите и на нетековните средства.

bottom of page