top of page
white_logo_transparent_2x.png

Бизнис дискусија на избрана група

Сметководство и финансии

Public·13 members

УЈП: Најниска и највисока основица за пресметување на придонеси, бруто плата 2025


УЈП: Најниска и највисока основица за пресметување на придонеси, бруто плата 2025
Бруто плата 2025

Управата за јавни приходи информира дека просечната бруто плата по работник во Република Северна Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2025 година изнесува 63.154 денари согласно објавата од Државен завод за статистика


Просечната бруто плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец Јануари до месец Декември 2025 година.


  • Најниската основица за пресметка на придонесите за 2025 година изнесува 31.577,00 денари (50% од 63.154.00)

  • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2025 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 1.010.464,00 денари (16 x 63.154,00)

  • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2025 година за самовработено лице изнесува 757.848,00 денари (12 x 63.154,00)


Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер - МПИН која го содржи новиот параметар. 


Просечна плата по работни во РСМ
Просечна плата по работни во РСМ

УЈП напоменува сека сите обврзници кои до овој момент имаат поднесено и исплатено конечни пресметки за Јануари 2025 година, а исплатуваат плати под најниската основица или над највисоката основица за пресметка на социјалните придонеси, треба да поднесат исправки (103) на истите, со утврдениот износ на просечната плата.


Извор: Управа за јавни приходи 




Пресметај ја твојата плата со бесплатната веб апликација на Логин Системи тука.



94 Views
LSLogo_white_logo_transparent_2x.png
Login Systems

Business solutions based on Microsoft Dynamics 365 Business Central, localization, API integrations and automations.

© 1991–2026 Login Sistemi

Solutions

Business Central

Macedonian Localization

Certified Applications

Implementation

Data Migration

e-Invoice API

e-Invoice Gateway

Support

Help and Support

SLA Packages

Book a Consultation

Contact

Company

About Us

Events

References

Blog

bottom of page