Нови стапки за придонеси од јули 2026 година
Ве информираме/потсетуваме дека согласно измените на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување објавени во „Службен весник на РСМ“ бр. 148/2026, новите стапки за придонеси задолжително се применуваат при пресметка и исплата на платата за месец јули 2026 година, па се' до платата за месец декември 2026 година.
Новите стапки се:
✅ Пензиско и инвалидско осигурување (ПИО): 19,9%
✅ Здравствено осигурување: 7,5%
✅ Дополнителен придонес за здравствено осигурување (повреда на работа и професионално заболување): 0,5%
✅ Осигурување во случај на невработеност: 0,1%
Според објавените податоци за јули 2026 година, најважните параметри за пресметка се:
Најниска основица за придонеси: 34.571 денари
Највисока основица за придонеси: 1.106.256 денари
Месечно даночно ослободување: 10.932 денари
Минимална нето плата (март 2026 - февруари 2027): 26.046 денари
📢 Управата за јавни приходи информираше дека е објавена и нова верзија на бесплатната апликација за подготовка на МПИН, која ги содржи новите стапки за придонеси. Сите работодавачи, правни лица и сметководствени бироа треба навремено да ги ажурираат своите системи за пресметка на плати, со цел непречено поднесување на МПИН-пресметките за јули 2026 година.
Линк до МПИН апликацијата на УЈП: https://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81
💡 Ако сакате брза проверка на нето и бруто плата според новите стапки, нашата бесплатна веб апликација е веќе ажурирана за промените што важат од јули 2026 година:
👉 https://www.loginsystems.biz/presmetaj-plata
.
.
.
#Плата #МПИН #УЈП #Сметководство #Придонеси #Јули2026 #Payroll #Логин Системи
