На сметката 951 - Добивка од тековната година, се евидентира нераспоредената добивка за тековната година. На почетокот на наредната година салдото од оваа сметка се пренесува на сметката 950 - Задржана (акумулирана) добивка.
На сметките од групата 96 - Пренесена загуба и загуба за тековната година, се евидентира пренесената/непокриена загуба од претходните години и загубата за тековната година.
На сметката 961 - Загуба за тековната година, се евидентира загубата утврдена на крајот на пресметковниот период. На почетокот на наредната година салдото од оваа сметка се пренесува на сметката 960 – Пренесена загуба.
На сметките од групата 97 - Учество во капиталот кое нема контрола, се евидентира делот од главнината на учеството кое нема контрола во согласност со МСС 27 и МСФИ 3 и оддел 19 на меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти.