top of page
white_logo_transparent_2x.png

Chart of Accounts

for the accounting in Macedonia

480

Удел во загуба на придружно друштво

На сметката 480 - Удел во загуба на придружно друштво, се евидентира уделот во загубата на придружно друштво согласно МСС 28 и оддел 14 од меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти.

481

Нето загуба од прекинато работење

На сметката 481 - Нето загуба од прекинато работење, се евидентира нето загубата од организационен дел за кој е донесена одлука за прекинување на работењето во согласност со МСФИ 5.

49

ПРЕНОС НА РАСХОДИ

Преку сметките од групата 49 - Пренос на расходи, се пренесуваат вкупните трошоци при составување на билансот на успехот.

490

Распоред на директни трошоци - за пресметка на вредноста на добра (производи) и услуги

Сметките од групата 49 - се затвораат со сметките на останатите групи од класа 4 на крајот од годината, односно при изработката на годишната сметка.

491

Распоред на општи трошоци за пресметка на вредноста на добра (производи) и услуги

На сметката 490 - Распоред на директни трошоци - за пресметка на вредноста на добра (производи) и услуги, се евидентира преносот на расходите според називот на сметката.

492

Распоред на трошоците непосредно врз товар на вкупниот приход

На сметката 491 - Распоред на општи трошоци за пресметка на вредноста на добра (производи) и услуги, се евидентира преносот на расходите според називот на сметката.

5

КЛАСА 5 СЛОБОДНА (ЗА ИНТЕРНА УПОТРЕБА-ПОГОНСКИ ПРЕСМЕТКИ И ДРУГИ ПОТРЕБИ)

6

КЛАСА 6 ЗАЛИХИ НА ПРОИЗВОДСТВО, ГОТОВИ ПРОИЗВОДИ И СТОКИ,БИОЛОШКИ СРЕДСТВА И НЕТЕКОВНИ СРЕДСТВА КОИ СЕ ЧУВААТ ЗА ПРОДАЖБА И ПРЕКИНАТО РАБОТЕЊЕ

60

ПРОИЗВОДСТВО

На сметките од групата 60 – Производство, се евидентира вредноста на залихите на производството, недовршените производи, полупроизводите и деловите како и на незавршените услуги по цена на чинење, односно по нето реализационата вредност, доколку е истата пониска, на крајот на пресметковниот период. Признавањето и вреднувањето на залихите на производство се врши во согласност со МСС 2, МСС 11, и други релевантни МСФИ и оддел 13 и други релевантни оддели на меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти.

600

Производство (изградба) во тек

На сметката 600 - Производство (изградба) во тек, се евидентира вредноста на залихите според називот на сметката.

bottom of page