Народната банка информира дека Советот на Народната банка денес одржа редовна седница на која ја разгледа и ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство.
Со измените се овозможува граѓаните и компаниите да отвораат и да имаат сметки кај сите странски електронски сервиси за платежни трансакции што ќе ги овозможат своите услуги за резидентите од нашата земја. Тие ќе можат овие сметки да ги користат исклучиво за комерцијални цели, односно за купување и/или за продавање стоки и услуги по електронски пат. Дали и кога граѓаните и компаниите ќе можат да отворат сметка кај одреден електронски сервис и какви услуги ќе можат да користат (дали само за плаќање или и за наплата), одлучува секој од сервисите, при што деловната одлука ја носи врз основа на сопствени анализи и оцени.
При разгледувањето на одлуката, на седницата, меѓу другото беше одбележано дека либерализацијата во однос на отворањето и поседувањето кориснички сметки кај електронските сервиси за платежни трансакции во натамошниот период може да донесе повеќе придобивки за нашата економија. Истовремено, беше истакнато дека донесената одлука е еден од чекорите на Народната банка за поголема промоција и поддршка на електронската трговија и залагање за користење на предностите од финансиските технологии, односно се создаваат услови стоките и услугите коишто ги нудат нашите резиденти, преку електронската трговија да бидат подостапни на меѓународниот пазар.
Во дискусијата на седницата беа истакнати и можните ризици за резидентите коишто ќе ги користат овие сервиси, пред сѐ во поглед на квалитетот и сигурноста на услугите.
Извор: Соопштение на НБРМ
Услугите нема да бидат проблем, има акал на ова парче земја, ќе затвориме сметките во туѓина и ќе има поместување веднаш. За производите е веќе проблем високи транспортни трошоци безвезни регулативи и администрација да не редам и испаднам опуртунист.
Венко што да направиме сега ние како граѓани за да го донесеме ПејПал? ПејПал се вадеа дека не оперираат во државава поради проблеми со законите, сега тоа ќе се тргне. Како да ги исконтактираме на вистинско место?