Здраво,
Успешно креирана пејпал бизнис сметка со назнака за држава Албаниа
Пробав неколку трансакции , имам и два типа на валута УСД и ЕУР, ми префрли роднина од Канада, прово на УСД, а потоа ја направив примарна ЕУР. Имам поврзано дебитна ВИЗА картица од НЛБ МК.
Активна е опцијата аутоматик трансфер, исто така активна е опцијата во Summary- Transfer Money.
Но кога ќе пробам да направам трансфер на парите ( на УСД имам 3,2 УСД, а на другата валута околу 7 ЕУР), и за двете валути ми дава порака дека немам минимум средства за да направам трансфер на парите.
Не можам да ги префрлам средствата од УСД во ЕУР, бидејќи никаде ја нема опцијата Manage currency за да префрлам од УСД во ЕУР валута и да пробам повторно трансфер.
Читав по форуми насекаде пишуваат дека не можат да ја најдат таа опција Manage Currency, како да ја тргнале таа опција.
Прашањето ми е дали знаете која е минималната сума за трансфер на средства за наведените услови ( Пејпал бизнис во Албанија и Виза картица во НЛБ МК).
Другото прашање е дали некој знае дали има некоја скриена финта за да префрлам пари од УСД во ЕУР валута.
И трето прашање ми е дали ако направам close currency УСД ќе се префрлат средствата во ЕУР валута, или пејпал ќе си ги собере?
Благодарам
@Venko Gligorov Благодарам за инфо. Ќе проверам на крај на месец како ќе биде, или ако во меѓувреме немам некој поголем прилив па да направам трансфер. Како и да е ќе постирам ако има нешто ново со цел за корисна информација.
Здраво, ги видов сите поставки, кај лимитите на сите ставки пишува NO limit. Опцијата Convert currency дефинитвно ја нема. А за Close currency ја знам опцијата, само не знам дали да пробам да ја затворам валутата, дали ќе ја префрли во ЕУР, или воопшто нема да ми даде да ја затворам. Дали да оставам да дојде крај на месец па да видам дали со аутоматик трансфер ќе се префрлат средствата од УСД и ЕУР на Виза картицата од НЛБ , па дури потоа да ја затворат УСД, да остават само ЕУР. Ќе видам како ќе одат работите па ќе пишам ако има нешто ново.
Malku istrazuvav, izgleda i porano go imalo ovoj problem kaj korisnici od drugi drzavi, pa ako nekoj moze da go razjasni.
https://www.paypal-community.com/t5/My-Money/Can-t-withdraw-money-Said-it-s-less-than-minimum/td-p/1935338?fbclid=IwAR2DZikWv1KGUtOdU7jcGaT3BTyDjGD1zdXAZpRNjkY7VwUbdXE4gjiWLIo
Одлично што сте успеале, Дејан. Честитки.
Во врска со прашањата, еве одговори подолу.
🔷 Подесување лимити. Кога сте најавени на Пејпал, одете на линкот Limits - PayPal. Потоа подесете ја опцијата Withdrawal Limits. Би требало со ова да го решите повлекувањето на мали суми.
🔷 Конверзија на валути. Оваа опција би требало да ја имате во областа PayPal Balance лево горе на екранот. Опишано е тука https://www.paypal.com/lu/smarthelp/article/how-do-i-convert-my-paypal-balance-to-a-different-currency-faq532. Софтверот на Пејпал од време на време се менува и можно е да е привремено исклучена ако не ја гледате.
🔷 Затворање на валута. Откако ќе го испразните салдото на одредена валута со withdrawal опцијата, тогаш ќе може да ја затворите валутата. Линкот е Money (paypal.com) и се избира Close Currency веднаш под самата валута. Видете на сликата подолу.
Ве молиме да не' информирате за исходот со кус коментар тука за да може оваа информација да користи за другите. 🙏 Благодариме и со успех. 👍