Во Македонија за да се отвори онлајн платежно место потребно е да се пополни формулар од две-три страни со околу 30 полиња/прашања. Премногу ко за почеток. Пополнетиот формулар потоа треба да се прати во банката, па да ти дадат упатства како да се поврзеш. Повеќе за постапките во Македонија има тука.
Отворање на продажно место треба да оди брзо и едноставно. За да се користи помасовно, добро е да има стимулации од ресорните министерства и агенции. Потоа, самата продажба треба да оди лесно и безбедно за купувачите, а едноставно за тие што продаваат.
Пример со формирање на продажно место со Пејпал
На наредната слика давам пример. Во некој од веб билдерите во македонски или светски рамки (Wix, Weebly, WordPress), тој што сака да продава да може да стави наслов, слика од производот и копче на PayPal. И толку. Продажбата може да почне.
Видео: оставување на пејпал на сајтови како Wix, Weebly и WordPress.
Продажните операции Пејпал ти ги прави во позадина - евиденција на продадено, на поплаки и слично. Да не ти треба да правиш гломазен веб сајт за да почнеш да продаваш. Самата побарувачка и желбата за поголема продажба да те тера да инвестираш во сајт и инфраструктура наместо да даваш пари однапред заради тоа што регулативата тоа го бара од тебе.
Тоа е приказната со Пејпал. Кој може подобро да те прати во почетната продажба со Пејпал?
Дали има преку 5000 заинтересирани кои сакаат да продаваат во странство?
Според НБРСМ, во Македонија заклучно со 31.12.2018 година активни се 871 виртуелни веб страници за е-трговија (ПОС уреди).
При формирањето на иницијативата за ПејПал, преку 1300 индивидуалци и организации се пријавија дека се заинтересирани за ПејПал. Без реклама и за кусо време собрани податоци е цифра која кажува дека има интерес. Сигурно има уште толку од дијаспората кои би продавале преку Македонија од разни причини.
Резиме: Уметникот, програмерот, консултантот или новоотворениот бизнис да можат да отворат веб сајт со една стрна, да стават производ/услуга со копче Пејпал и да почнат да продаваат. Цела оваа операција да биде завршена за еден ден.