top of page
white_logo_transparent_2x.png

Chart of Accounts

for the accounting in Macedonia

813

Други давачки

На сметката 812- Одложени даночни расходи, се евидентираат износи според називот на сметката.

82

НЕТО ДОБИВКА/ЗАГУБА ЗА ПЕРИОДОТ

На сметките од групата 82 - Нето добивка/загуба за периодот, се евидентираат остварената нето добивка односно загуба од работењето за пресметковниот период.

820

Нето добивка за периодот

На сметката 820 - Нето добивка за периодот се евидентира износот според називот на сметката

821

Нето загуба за периодот

На сметката 821 - Нето загуба за периодот се евидентира износот според називот на сметката

83

ДОБИВКА/ЗАГУБА ЗА ПЕРИОДОТ КОЈА ПРИПАЃА НА ДРУГИ

На сметките од групата 83 - Добивка/загуба за периодот која припаѓа на други, се евидентира делот од остварената добивка односно загуба од работењето за пресметковниот период кој припаѓа на матичното друштво односно на учеството кое нема контрола според називите на сметките од оваа група.

830

Добивка која припаѓа на сопствениците на матичното друштво

На сметката 830 -Добивка која припаѓа на сопствениците на матичното друштво, се евидентира износот според називот на сметката.

831

Добивка која припаѓа на учество кое нема контрола

На сметката 831 - Добивка која припаѓа на учество кое нема контрола, се евидентира износот според називот на сметката.

832

Загуба која припаѓа на сопствениците на матичното друштво

На сметката 832 - Загуба која припаѓа на сопствениците на матичното друштво, се евидентира износот според називот на сметката.

833

Загуба која припаѓа на учество кое нема контрола

На сметката 833 -Загуба која припаѓа на учество кое нема контрола, се евидентира износот според називот на сметката.

84

ОСТАНАТА СЕОПФАТНА ДОБИВКА/ЗАГУБА

На сметките од група 84 - Останата сеопфатна добивка/загуба, се евидентира добивка или загуба која произлегува од преведување на странско работење, добивка или загуба од повторно мерење на финансиски средства расположиви за продажба како и ефектот добивка или загуба од хеџинг инструменти за хеџирање на парични текови и други компоненти на останата сеопфатна добивка согласно МСС 1 и оддел 5 од МСФИ за мали и средни субјекти.

bottom of page