Chart of Accounts
for the accounting in Macedonia
233
Обврски за данок на добивка, данок на вкупен приход и данок на приход платен на странско правно лице (задржан данок)
На сметката 233 - Обврски за данок на добивка, данок на вкупен приход и данок на приход платен на странско правно лице (задржан данок), се евидентираат обврските на друштвата утврдени во Законот за данокот на добивката.
241
Обврски за надоместоци на трошоците на вработените
На сметката 241 - Обврски за надоместоци на трошоци на вработените, се евидентираат обврските за дневници и за надомест на трошоците при службени патувања, обврски спрема вработените за користење на приватен автомобил за службени цели, теренски додаток, одвоен живот и слично.
242
Останати обврски спрема вработените врз основа на колективни договори
На сметката 242 - Останати обврски спрема вработените врз основа на колективни договори, се евидентираат обврските кон вработените утврдени со колективни договори како: обврските врз основа на отпремнини, јубилејни награди, регрес за годишен одмор, помош при болест, помош за штети од елементарни непогоди и друго.