top of page
32
Група
ЗАЛИХА НА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ
На сметките од групата 32 - Залиха на резервни делови, се евидентираат набавените делови за вградување, по правило без обработка и доработка, во сопствени производи и за одржување, поправки и реконструкција, вредносното усогласување на залихите на резервните делови и отстапување од стандардните (планските) цени на резервните делови, според називите на сметките од оваа група. Признавањето и вреднувањето на залихите се врши во согласност со МСС 2 и други релевантни МСФИ и оддел 13 и други релевантни оддели на меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти.
bottom of page